Назив на папка
:
Закон за безбедност на мрежи и информациски системи -ЗБМИС
Назив на министерство
:
Министерство за дигитална трансформација
Назив на предлог прописот
:
Закон за безбедност на мрежи и информациски системи
Краток опис на проблемот
:
Во Република Северна Македонија отсуствува правна регулатива во областа безбедност на мрежи информациски системи. Во декември 2022 година Европскиот парламент ја донесе НИС 2 Директивата (ЕУ) 2022/2555 во однос на мерките за високо заедничко ниво на сајбер-безбедност низ Унијата. Транспонирањето на Директивата во законско решение ќе овозможи обезбедување високо ниво на сајбер безбедност со цел заштита и понатамошна дигитална трансформација на општеството, поефикасно и поефективно градење и проширување на ИТ инфраструктурата, односно поефикасна и поефективна дигитална трансформација на јавниот сектор, повисок степен на отвореност со цел да се обезбеди развој на иновативни софтверски решенија, обуки за сајбер безбедност и дигитални вештини за вработените во јавниот сектор и граѓаните на Република Северна Македонија.
Цел на предлог законот
:
Цел на овој закон е идентификација на секторите, ефективна заштита на мрежи и информациски системи и обезбедување на високо ниво на сајбер безбедност со цел заштита и понатамошен развој на општеството.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
04.12.2024 - 06.01.2025
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Јавни расправи
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
https://ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
cabinet@mdt.gov.mk
tanja.milanovska@mdt.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Тања Милановска Најдовски
Други информации
:
/