Назив на папка
:
Закон за игрите на среќа и за забавните игри
Назив на министерство
:
Министерство за финансии
Назив на предлог прописот
:
Закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри
Краток опис на проблемот
:
Со постојниот закон не е уредена оддалеченоста на деловните простории во кои се приредуваат игрите на среќа од основни и средни училишта и високообразовни институции. Ваквиот начин на уредување дава можност младата популација да има лесен пристап до игрите на среќа.
Согласно постојното законско решение, приредувачите на игри на среќа во обложувлница и автомат клуб, со добивањето на една лиценца за автомат клуб и обложувалница имаат можност да отворат неограничен број на деловни простории односно уплатно исплатни места. Ваквиот начин на отворање на деловните простории за приредување на игри на среќа на автомати, има позитивни ефекти само за приредувачите, на кои им се овозможува со плаќање на надоместок само за една лиценца да отворат голем број на деловни простории, а негативни ефекти врз Буџетот на Република Северна Македонија заради помалку остварените приходи по овој основ.
Цел на предлог законот
:
Со цел заштита на младата популација од лоши и несоодветни навики за нивната возраст, се предлага деловните простории, односно уплатно-исплатните места во кои се приредуваат игрите на среќа да бидат оддалечени 500 метри од основни и средни училишта и високообразовни институции до кои се доаѓа по најкраткиот безбеден пат.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
21.01.2021 - 16.02.2021
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
sofka.inadeska@finance.gov.mk
olivera.savinovastojanova@finance.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Оливера Савинова Стојанова
Други информации
:
/