Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Закон за заштита на деловна тајна

Министерство за економија
24.10.2023
Закон
Отворен
Во Република Северна Македонија досега не беше донесен посебен закон за заштита на деловната тајна или за заштита на информациите и податоците, иако постојат повеќе законски прописи во кои се содржани одредби кои го регулираат прашањето за деловната тајна. Поради тоа, од суштинско значење е донесувањето на посебен закон за заштита на деловна на неоткриени знаења и искуства и деловни информации (деловна тајна), кој би довел до зајакнување на заштитата на виталните информации на деловните субјекти што се изложени на ризик од откривање.
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

21.02.2024 Пламенка Бојчева

Во член 1 став 2 точките 1, 2 и 3 од Предлог законот се утврдува дека:
2) Одредбите во овој закон не влијаат на:
1) остварување на правото на слобода на изразување и информирање, вклучително и почитување на слободата на плурализмот на медиумите;
2) спроведување правила кои бараат, заради јавен интерес, носителите на деловна тајна да откријат информации, вклучително деловна тајна на јавноста или на управните или судските органи, со цел тие органи да ги извршуваат своите должности;
3) спроведување на националната правна легислатива, која бара или дозволува јавните институции и тела да откриваат информации депонирани од деловни субјекти во сопственост на тие институции, тела или органи;
Во членот 5 став 1 точка 1:
(1) Одредбите на овој закон за одредување примена на мерки, постапки и правни средства од член 4 став (1) од овој закон нема да се применат ако наводното стекнување, користење или откривање на деловната тајна е направено:
1) заради остварување на правото на слобода на изразување на мислата и информирање, како и правото на слободен пристап на информации, во согласност со Уставот на Република Северна Македонија, Повелбата на Европската унија за основните права, законот со кој се уредува правото на пристап до информации од јавен карактер, како и законот со кој се уредува јавното информирање и медиумите, а во согласност со почитување на слободата и плурализмот на медиумите; Овие одредби согласно член 20 од Предлог законот ќе се применуваат од датумот на пристапување на Република Северна Македонија во Европската унија.
Цитираните одредби се многу општи и оставаат простор за нивна несоодветна примена и толкување од следните причини:
Се наметнува прашањето: што доколку институциите од јавниот сектор кои согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (ЗСПИЈК) се иматели на информации, класифицираат како деловна тајна согласно овој предлог-закон информација или документ или дел од документ, информации кои се од јавен карактер и воопшто не можат да бидат класифицирани како деловна тајна, на пр. договори склучени по спроведени постапки за јавни набавки или договори кои се исклучок од примена на ЗЈН, а набавката е финансирана со средства од Буџетот на РСМ? Каде е одговорноста на правните субјекти или одговорните лица доколку спротивно на закон означат информација како деловна тајна, која е постапката во вакви случаи и пред кои органи би се водела? Наведеното заради тоа што во ЗСПИЈК на РСМ не е предвиден исклучок од слободниот пристап до ИЈК на документи и информации означени како деловна тајна. Во пракса имаме многу примери на неоснована, незаконска примена на Законот за класифицирани информации, па со овој предлог закон и недоволно прецизирање на тоа кои информации/документи можат да се класифицираат како деловна тајна и попрецизна дефиниција на “носители на деловна тајна“ ќе се овозможи кршење на уставното и законски загарантирано право на пристап до информации од јавен карактер. А сметам дека Директивата на ЕУ 2016/943 на Европскиот парламент и Советот од 8 Јуни 2016 за заштита на неоткриените знаења и искуства на деловни информации (деловна тајна) од незаконско стекнување, користење и откривање дава одговор на овие отворени прашања. Затоа му укажувам на предлагачот на овој закон во членот 2 став 1 точка 1 и 2 да ги прецизира дефинициите на “деловна тајна“ и “носител на деловна тајна“.

20.11.2023 МАКЕДОНСКА АСОЦИЈАЦИЈА КОРПОРАТИВНИ ПРАВНИЦИ

Македонската асоцијација на корпоративни правници (МАКП) испраќа коментари и предлог измени на Предлолг законот за заштита на деловната тајна, со цел предлог зкаонот иако спроведува хармонизација со постоечка ЕУ директива, да се уреди на начин кој ќе се адаптира на општествената состојба на матичната држава Р. С. Македонија.
Коментарите се кај член 1, став (3), точка 2), член 2 став (3), член 3 став (2), член 10 став (3) и член 11 став (3), член 11 став (4) точка 2), член 11 став (5), член 12, став (4), член 13 став (6), член 15 став (1), член 19.
Коментарите и текстот за промени и укажување на потреба од промени се во прилог на овој коментар како додаден документ.
Со почит,
МАКП
Прикачен документ на коментарот 433_Коментари_-_Македонска_Асоцијација_на_корпоративни360338925.pdf
<< < 1 > >>