Министерство за образование и наука
29.04.2013
Закон
Затворен
Во Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија” број 44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/2003, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 51/11 и 6/12) потребно е нормативно да се регулираат неколку прашања кои произлегуваат од процесите на модернизација на воспитно-образовната дејност во средните училишта. Имено, Министерството за образование и наука има потреба од ажурирани податоци и информации за дејноста средно образование, односно креирање на база на податоци за вработените во основните училишта, учениците и нивните родители, наставните планови и програми, просторот со кои располагаат училиштата, опремата и други релевантни податоци. Целта на оваа база на податоци е да генерира и управува со оптимално ниво на образовни податоци и информации за потребите на Министерството, како и за потребите на останатите креатори на политиките на образовниот систем, а се со цел модернизација на образование