Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Предлог на Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер

Министерство за правда
27.11.2018
Закон
Затворен
Утврдена потреба за преуредување на националниот систем за слободен пристап до информации од јавен карактера, особено со воспоставување на нова организациона поставеност и јасни надлежности на институцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

21.12.2018 Елизабета Тодоровска

Почитувани,

Во прилог Ви доставувам коментари и предлози за промени на објавениот предлог текст на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Елизабета Тодоровска
ЕВН Македонија АД Скопје
Прикачен документ на коментарот 292_20181220_Komentari_na_Predlog_zakonot_za_sloboden_60382302.doc

18.12.2018 Цветан Станоески

Предлози за изменување и дополнување на новиот Предлог-Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер
Прикачен документ на коментарот 285_Predlozi_za_noviot_zakon1415734837.docx

11.12.2018 Валентина Фидановска

Предлози за измени на Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер
од Валентина Фидановска, член во Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Моите предлози се однесуваат на работата на Комисијата за слободен пристап до информации од јавен карактер и се следните:
1. Да се задржи сегашниот формат на Комисијата, со тоа што истата може да функционира и со три члена наместо досегашното решение со пет члена.
Ова го предлагам од причина што подолг период Комисијата функционираше со три члена (повеќе од две години), и беа успешно разрешени сите барања од барателите,
за што сведочат и годишните извештаи за 2016 и 2017 година (објавени на веб локацијата на Комисијата , каде е наведен податокот дека во 2017 година се решени 98% од Барањата).
Воедно би се запазил и финансискиот аспект со намалување на два члена.

2. Комисијата е независно тело формирано од Собранието и одлуките ги носи со мнозинство гласови, а со трансформација во Агенција со директор на чело , ке ја изгуби основната функција, независнот во одлучувањето, заради опасноста одлуката да зависи претежно од еден човек, кој би бил далеку полесна цел за манипулација од било која актуелна владеачка структура.

3. Суштинските проблеми во спроведувањето на Законот се однесуваат на неможноста да се санкционираат,, имателите на информации,, од јавен карактер во случај кога не постапуваат во согласност со Решенијата на Комисијата, не го спроведуваат во целост членот 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер , што доведува до потребата од поголеми ингеренции со евентуален инспекциски надзор, проблем кој трансформацијата во Агенција нема да го реши.

4. Во листата на иматели да се вклучат не само ,, политичките партии,, , туку и граѓанските и невладини здруженија,затоа што делумно се финансираат од буџет и подлежат на транспарентно и отчетно работење .
Заклучок: Законот треба да биде сконцентриран на притисок до ,,имателите на информации,, од јавен карактер за навремено и транспарентно спроведување на Законот и постапување по Решенијата на Комисијата. Сегашниот формат на Комисијата овозможува пристап до проблемите од повеќе аспекти, што се овозможува со разноликоста во стручната спрема на членовите, наместо форматот на одлучување од страна на еден човек.
Скопје, Валентина Фидановска
Член во КЗПСПИЈК
<< < 1 2 > >>