Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
31.01.2011
Закон
Затворен
(1) Со овој закон се уредуваат основните начелата за работа на Државниот инспекторат за земјоделство (во понатамошен текст: Инспекторат), организационата структура на системот на инспекциски надзор и официјалните контроли во земјоделството, руралниот развој, рибарството со аквакултурата, квалитетот и безбедноста на земјоделските производи и производи кои се добиваат со нивна преработка, заштитата на земјоделските и прехранбени производи со географски назив и ознака за гарантиран традиционален специјалитет, органското земјоделско производство и храна произведена од органските земјоделски производи, земјишната политика и води, фитосанитарната политика, хортикултурно и партерно уредување, вино, алкохолни, јаки алкохолни пијалаци и нивни производи, тутун и неговите производи, опремата, алатот, техниката и машините кои се користат во земјоделството, анализата на ризик, заштита на правата и интересите на потрошувачите, мониторинг, надлежноста, овластувањата, правата и должностите...