Назив на папка
:
Закон за вработените во јавниот сектор.
Назив на министерство
:
Министерство за јавна администрација
Назив на предлог прописот
:
Предлог на Закон за вработените во јавниот сектор
Краток опис на проблемот
:
Постојниот Закон за вработените во јавниот сектор како прв закон со ваков опфат со кој се регулираа прашања од областа на работните односи во сите институции на јавниот сектор беше новина во правниот систем. Законот воспостави нови стандарди во однос на управувањето со човечките ресурси во јавниот сектор. Но од досегашната примена на законот на површина излегоа голем број на практични проблеми во имплементацијата. Од анализите и добиените забелешки произлезе дека треба да се менуваат повеќе од 1/3 од постојните членови па се пристапи кон подготовка на целосно нов закон. Со Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа се формира ново Министерство за јавна администрација кое е надлежно за законско уредување на прашањата од надлежност на администрацијата. Предлог законот е повлечен од собраниска процедура со цел доработка во насока на усогласување со позитивните законски прописи.
Цел на предлог законот
:
Подобрување на постојното законско решение
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
24.07.2024 - 31.12.2024
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Јавни расправи
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Состаноци со засегнатите страни
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
katerina.trajkovska@mioa.gov.mk
elena.mihajloska@mioa.gov.mk
ул. „Св. Кирил и Методиј” бр.54, 1000 Скопје
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Катерина Димовска Трајковска
Елена Паспаловска
Други информации
:
/