Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Предлог-Закон за изменување и дополнување на Законот за извршување

Министерство за правда
29.08.2017
Закон
Затворен
- Нејасен, неефикасен и комплициран начин на полагање на испит за извршители и спроведување на конкурс за извршители - Задолжително учество на адвокати при спроведување на извршување за побарувања поголеми од 10.000 евра - Сложен и скап систем на спроведување на постапка за вонсудска наплата на долгови - од извршените надзори над работата на извршителите и Комората на извршители се увиде потребата од ревидирање на начинот на вршење на надзор
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

Коментирај

21.11.2017 Златко Пејовски

КОМЕНТАРИ, ЗАБЕЛЕШКИ И ПРЕДЛОЗИ НА Предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување изготвен од Министерството за правда
Овие кометари ги давам во името на извршиотелите Златко Пејовски, Кети Арсова, Николче Диневски, Љупчо Јованов, Драган Кочовски, Методија Коставинов, Благојче Кипровски, Томислав Џумеркоски, Весна Јакимовска . Овие коментари на некој начин се дополна од наша страна на дел од коментарите дадени од Комората на извршители.

1. Со некои нови предложени решенија во ЗИ се подрива материјалната основа на извршителите со што ќе се загрози и ефикасноста на нивната работа.
Се залагаме е воедначен однос за правилото кое важи за судовите-судските такси. Во Член 6 од Законот за судски такси се вели: ,,Нецелосно платената или неплатената такса го задржува текот на судската постапка, ако со овој или со друг закон поинаку не е определено,,.
Исто така, во член 146 став 2 и 3 од Законот за парнична постапка се вели:
2) ,,Судот нема да постапува по тужба ниту да преземе друго дејствие за кое не е платена судската такса.
3) ,,Ако тужителот не ја плати судската такса во рок од 15 дена од денот на поднесување на тужбата, се смета дека тужбата е повлечена.,,
Значи, прифатливо е за извршителите да се укине нивното овластување да го одбијат барањето за извршување, односно да го запрат извршувањето, како што е сега регулирано во член 46, став 2 и 3, а кои одредби да се бришат од ЗИ.
Поради тоа, предлагаме да се преформулираат следните одредби,
Член 6, став 2
(2) По приемот на барањето за извршување, извршителот ќе преземе извршно дејствие под услов да се платени надоместокот за обработка на предметот, првичниот налог за извршување и материјалните трошоци од страна на доверителот. Наредните поединечни извршни дејствија извршителот има обврска да ги преземе под услов да се платени материјалните трошоци од страна на доверителот .
Следствено, мора да се дополни став 5 на член 28, кој да гласи:
Член 28, став 5
,,Извршителот е должен да постапува по барањето за извршување, ако се исполнети условите од став 2, на член 6 од овој закон.,,
2. Со измените се предлага нов член 54-а ,,Вонреден надзор над работата на извршителите,,.
а) Предложената одредба има основнен недостаток што не ја утврдува содржината на вонредниот надзор, како што во членот 54 од ЗИ е регулирана содржината на редовниот надзор. Доколку Законот прецизно не ја утврди содржината на вонредниот надзор, овластените лица кои ќе го вршат нема да знаат до каде се нивните овластувања и можат да преземаат повеќе ингеренции отколку што би требало.
Да потсетиме, дека порано постоеше вонреден надзор, па беше укинат. Основна премиса кај надзорот врз работата на извршителите е кој ја контролира законитоста во нивното работење. Правната доследност секако доведува до правилото дека законитоста за постапувањето на извршителот може да ја цени само судот, а не и министерството кој е одган на извршната власт. Старо правило во правосудството е дека: Судот го знае законот. Извршувањето е дел од судската функција – тоа се спроведуваше порано во судот, па потоа е извлечено (поради неефикасност) и дадено е да го спроведуваат извршители како физички лица со јавни овластувања, именувани од министерот за правда. Не треба да постои вонреден надзор кој да го врши Министерството за правда. Тоа може да го врши само судот.
б) Тука се забележува и друга недоследност во став 2 на предложениот член 54-а. Вонредниот надзор ќе го врши ,,Комисија формирана од Министерството за правда составена од најмалку двајца претставници,, (ова решение е превземено од постојната одредба за редовниот надзор- член 54, став 5). Одредбата мора да има критериуми кој може да биде член во оваа Комисија: стручна подготовка, стручни испити, друга квалификација, работно искуство. Стручното ниво на членовите на Комисијата мора да биде еднакво на нивото на лицето што треба да биде контролирано – извршителот. Може ли лекар од општа пракса да контролира лекар специјалист? Може ли асистент на факултет, да контролира професор?
в) Во ставот 1 на предложениот член 54-а се регулира дека вонредниот надзор ќе се превземе по преставка на странка, трето лице, учесник во постапка, по барање на претседателот на суд, државен орган и други институции, за конкретен предмет да изврши вонреден теренски надзор над работата на извршителот и Комората.
Поимот други институции е крајно непрецизен - растеглива норма и крие опасност во иднина да не се знае кои се` субјекти би се јавиле како овластени да бараат МП да спроведе вонреден надзор кај извршител.
3. Предложената измена на член 28, ставот 2 кој се менува, со оглед дека барање за извршување се поднесува кај извршител, а не до Комората, предлагаме да гласи:
„Барањето за добивање распоред за надлежен извршител, против должник физичко лице, во случај кога како доверител се јавуваат државни органи, органи на државна управа, органи на локалната самоуправа и јавни претпријатија основани од локалната самоуправа и градот Скопје како и трговски друштва во кои државата е мнозинство сопственост на капиталот, се поднесува до Комората на извршители ( во натамошниот текст: Комората ) по електронски пат, која врши рамномерна распределба на предметите по извршители. Комората го известува доверителот за извршител кој постапува по поднесеното барање, не подоцна од 48 часа, сметано од денот на приемот на барањето.“
4. Во член 58 се предлага измена на став 3, каде се регулира составот на Дисциплинската комисија и наместо член по предлог на Советот на јавни обвинители, се враќа едно старо решение – по предлог на Министерството за правда. Ова се подразбира дека член на ДК ќе биде државен службеник од МП. Со тоа би се нарушило начелото на акузативност, бидејќи министерот за правда е овластен предлагач за покренување на дисциплинска постапка, а во ДК каде се одлучува ќе има свој член. Ваквото решение беше напуштено после долг процес на убедување, а сега повторно се враќа ?! (Впрочем се сеќаваме на ситуацијата кога министерот за правда имаше право на глас во Судскиот совет, па потоа му е укинато).
6. Во член 86 став 3, мора да се предложи рокот од 24 часа за произнесување на извршителот по поднесен приговор за незаконитости.

21.11.2017 Министерство за правда

Доплнително ќе биде одговорено

21.11.2017 Билјана Дуковска

Во врска со Закон за извршување член 5
Заштита на странките, учесниците во постапката за извршување и нивните семејства
Да се изземат од извршување домовите во кои живеат должниците (за да не се создаваат бездомници в.в. со хумано и солирадно и достоинстено живеење согласно Уставот и меѓународно прао за човекови права)
В.в. со чл 32, освен средства исплатени како хуманитарна помош или надомест на штета во ситуации предизвикани од елементарни непогоди во услови на донесена одлука за постоење на кризна состојба од страна на Владата на Република Македонија или Собранието на Република Македонија и“, да се изземат и секаков вид на донации (за болни деца и лекување) но и
да се изземат плаќања - надоместоци за договори за дело и авторски договори.
Одребите за Извршител да се укинат од чл.32 –член 82, да с е укине институцијата Извршител, извршувањето да се врати во Судовите на Република Македонија,(се покажа дека има злоупотеби на службени положби и овластвање, понекогаш петкратно зголемување на долгот, насилие врз достоинствот на должниците, на најразлични начини од достава со тројца полицајци, тропање на вратите, заплашување и слично)
Таксите за извршување да се прилагодат соодветно на просечна плати на Република Македонија.
В.в. со чл.83 да се забрани извршување по 16 .30 часот и пред 8 часот
Да не се врши насилство и закани со полиција од страна на извршители врз должници , понижување на нивно достоинство и смејство и семеен живот , стигматиизрање во средината во која живеат и работата, посебно при достава.
Да се забрани блокада во банка без претходно да се извести должникот од банка и без да му наплаќаат или ускратваат информации за доверителот кој бара блокада.
Да се забрани на банка ако има повеќе стасани побарувања на пример месечно по основ на плата и ако должникот сака да плати повеќе одеднаш , да му наплаќа за секое решебни како нова одблокада по 1400 денари, со што понекогаш сумата на банката ја надминува сумата која се должи или е 1/3 од неа.
<< < 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 ... > >>