Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Нацрт на Закон за извршување

Министерство за правда
25.12.2013
Закон
Затворен
Нацрт на Законот за извршување има за цел прецизирање на досегашните одредби од постојниот закон, пополнување на правните празнини, номотехничко и содржинско преуредување на структурата на законот, проширување на надлежноста на извршителите со воведување на вонсудска наплата на долгови врз основа на веродостојна исправа, воведување на електронско полагање на испитот за извршители, допрецизирање на одредбите за дисциплинската постапка, дисциплинските повреди и дисциплинските мерки, како и допрецизирање на одредбите кои доведуваа до различна примена од страна на извршителите при спроведување на извршувањето.
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

Коментирај

31.12.2013 Валентин Фетаџокоски

Во врска со усогласеноста на Нацрт на Закон за извршување (објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи - ЕНЕР) со Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/05, 103/08, 124/10 и 135/11), Законот за ратификација на Конвенцијата за заштита на физичките лица која се однесува на автоматската обработка на личните податоци на Советот на Европа бр.108 од 1981 година („Службен весник на Република Македонија бр. 7/05), Законот за ратификација на Дополнителниот протокол кон Конвенцијата во врска со надзорните тела и прекуграничниот пренос на податоци („Службен весник на Република Македонија бр. 103/08) и Директивата 95/46/ЕК за заштита на личните податоци и слободниот проток на таквите податоци на Европскиот парламент и Советот на Европската унија од 24 октомври 1995 година, Дирекцијата за заштита на личните податоци во рамките на своите законски надлежности го дава следното мислење:


1. Во членот 37 ќе треба да се вградат одредби со кои ќе се утврди содржината на евиденцијата за издадените, одземените и поништените легитимации на именуваниот извршител и заменик на извршител, односно категориите на лични податоци кои ќе собираат, обработуваат и чуваат во евиденцијата и рокот на чување на тие податоци, заради усогласување со одредбите на член 5 ставови 1 и 4 од Законот за заштита на личните податоци, а во функција на спроведување на одредбите од член 38 од овој нацрт на закон.
2. Во членот 38 ќе треба да се додаде и нов став со кој ќе се определи рокот на чување на податоците содржани во евиденцијата за извршителите, замениците на извршителите и помошниците на извршителите, заради усогласување со одредбите од член 5 ставови 1 и 4 од Законот за заштита на личните податоци.

3. Во членот 51 став 4 во алинејата 1 ќе треба зборовите „и единствен матичен број на граѓаните (во натамошниот текст: ЕМБГ)“ да се избришат, бидејќи неговата обработка не е правична и не е во согласност со закон (член 38 од овој нацрт на закон), како и несоодветна, преобемна и не релеватна во однос на целите заради кој тој податок се обработува според овој закон, а заради усогласување со одредбите на член 5 ставови 1 и 4 од Законот за заштита на личните податоци.

4. Во членот 55 во ставот 6 на крајот на реченицата ќе треба да се додадат зборовите „како и нарушена тајноста и заштитата на личните податоци“, заради усогласување со одредбите од член 5 ставови 1 и 4 од Законот за заштита на личните податоци.

5. Во членот 66 ќе треба да се вгради нова алинеја која гласи:
„- изврши злоупотреба на личните податоци утврдена со правосилна судска одлука согласно со закон;“, заради усогласување со одредбите на член 5 ставови 1 и 4 и член 23 од Законот за заштита на личните податоци.

6. Во членот 70 ќе треба да се утврди рокот (периодот) на бришење на извршителот од Именикот на извршители во случај на правосилноста на одлуката за изречена дисциплинска мерка трајно одземање на правото за вршење на должноста и правосилноста на решението на министерот за престанок на должноста извршител, заради усогласување со одредбите на член 5 ставови 1 и 4 од Законот за заштита на личните податоци.

7. Во членот 78 во ставот 1 точката ж) ќе треба да изостане, бидејќи во овој нацрт на закон јасно ќе треба да биде утврдено дека Комората на извршители како субјект во правниот промет го води Именикот на извршителите, замениците на извршители, помошниците на извршители, приправниците и волонтерите кај извршителите, а не неговиот орган (Управниот одбор), при што ќе треба да се имаат во предвид и одредбите од член 38 од овој нацрт на закон каде што е утврдено дека Министерството за правда води евиденција на извршителите, замениците на извршителите и помошниците на извршителите.
Покрај ова, ќе треба да се вградат одредби со кои ќе се утврди и содржината на Именикот на извршителите, замениците на извршители, помошниците на извршители, приправниците и волонтерите кај извршителите, односно категориите на лични податоци кои ќе собираат, обработуваат и чуваат во овој именик и рокот на чување на тие податоци, заради усогласување со одредбите на член 5 ставови 1 и 4 од Законот за заштита на личните податоци.
<< < 1 > >>