Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Предлог на Закон за рударство (*)

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини
18.07.2025
Закон
Отворен
Со овој закон се уредуваат поттикнувањето, унапредувањето и одржливата експлоатација и преработка на минерални суровини, како и мерките за безбедност, заштита на животната средина и здравјето на луѓето. Се дефинираат начини за спречување или минимизирање на штетното влијание од отпадот при експлоатација, мерки за сигурно и одржливо снабдување со критични суровини преку ефикасност и циркуларност во синџирот на вредности. Законот има за цел да го намали ризикот од прекини во снабдувањето, да поддржи стратешки проекти за намалување на зависноста од увоз, да поттикне технолошки напредок и да ја подобри способноста на РСМ за следење и ублажување на ризици. Се обезбедува слободно движење на критични суровини и производи, со високо ниво на заштита на животната средина и одржливост, преку подобрување на условите и надзорот при нивната експлоатација и преработка.
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

Коментирај

20.08.2025 Митко Петков

1. Централизација на одлуките

Член 5 дава на Владата ексклузивно право да прогласува кои суровини се „критични“ или „стратешки“. Тоа го отвора прашањето за злоупотреба, без јавна дебата или независна експертиза.

„…недозволиво е долгорочна судбина на цела држава да биде во раце на неколку лобисти. Особено опасен е Членот 5.“


2. Долг рок на концесиите (до 60 години)

Концесиите може да траат 30 години, со дополнителни 30 години продолжување (Член 11). Тоа ја ограничува слободата на идните генерации и го запечатува развојот во одредени региони.

3. Ризик од експропријација на приватно земјиште

Член 10 овозможува концесии на приватно земјиште и можност инвеститорот да иницира постапка за експропријација, што директно го нарушува правото на сопственост и животната сигурност.

4. Привилегии за државни и странски компании

Член 13 — јавни претпријатија можат да добијат концесија без јавен повик.

Член 14 — концесии за патишта, хидрообјекти и „европски коридори“ без конкуренција и без потреба од посебна дозвола за експлоатација.

Странски компании со подружници во земјава имаат исти права како домашните, што овозможува лесен извоз на националното богатство.

5. Двојни стандарди во рударски технологии

Член 8 (5) забранува опасни технологии (лужење/флотација со цијаниди и сулфурна киселина) само за нови отворени рудници, но ги остава дозволени за постоечки рудници (став 6). Ова води до нерамноправна примена на заштитните механизми.

6. Посветена на управување со ризик, наместо превенција

Законот ја признава еколошката опасност од рударството, но наместо превентивни механизми, се фокусира на управување со ризикот. Тоа ја зголемува загриженоста за потенцијални еколошки катастрофи — уништување на реки, контаминација на води и почва, и загуба на биодиверзитет.

20.08.2025 Билјана Спирева

НЕ го прифаќаме овој предлог-закон за Рударство поради следните спорни точки:

1. Централизација на одлуките во Владата

Владата ќе ја има клучната улога да определува кои минерални суровини се „стратешки“ и „критични“ (член 5). Тоа значи дека без никаква јавна дебата или независна експертска проценка, една политичка гарнитура може да прогласи било која суровина за стратешки интерес и да ја отвори вратата за експлоатација!

2. Долг рок на концесии и нивно продолжување

Концесиите за експлоатација ќе можат да траат 30 години + уште 30 години продолжување (член 11). Практично, тоа значи дека едно приватно (домшано или странско) правно лице може да стопанисува со ресурси и територии од Македонија повеќе од пола век!

Ова е опасно бидејќи ја заклучува судбината на цели региони за генерации, без реална можност граѓаните подоцна да ја променат одлуката!

3. Експропријација на приватно земјиште

Член 10 дозволува доделување концесии и на приватно земјиште, при што инвеститорот може да поведе постапка за експропријација. Ова директно удира по правото на сопственост на граѓаните!

Дозволена експропријација на приватно земјиште значи дека и покрај тоа што си сопственик на земјиште, можеш да бидеш иселен од својот имот ако државата реши дека под тебе има руди и треба да се отвори рудник (во име на „стратешки интерес“).

Со ова, граѓаните се соочуваат со ризик не само да го загубат својот имот, туку и да живеат покрај рудници со токсична прашина, експлозии и токсични јаловишта.

4. Привилегии за државни и странски компании

Член 13 предвидува дека јавни претпријатија и компании со државно учество (сите државни/државно контролирани фирми) ќе можат да добијат концесија без јавен повик! Тоа отвора врата за политички влијанија и клиентелизам.

За државни/општински патишта, хидро-објекти и „европски коридори“, концесијата оди по барање, без класичен натпревар; а по склучување договор експлоатацијата почнува веднаш, без посебна дозвола за експлоатација (член 14 (9)).

Дополнително, странски компании со подружници регистрирани во Македонија имаат исто право како домашни фирми, што значи дека богатството на земјата може лесно да се изнесува надвор!

5. Исклучоци за опасни рударски технологии, јаловишта и „исцедок“
Член 8 (став 5) забранува концесии со лужење/флотација со цијаниди и сулфурна киселина во нови рудници со отворен коп, НО ја дозволува практиката за веќе постојните рудници (став 6). Ова создава „двојни стандарди“ и дозволува опасни технологии да продолжат да се применуваат!

Вака поставениот закон ги остава вратите отворени за ризик од пукање јаловишни брани; контаминација на подземни/површински води; тешки метали во нашата почва и вода; респираторни заболувања, дерматолошки проблеми и неповратна загуба на биодиверзитет!

6. Уништување на животната средина и рударство како трајна еколошка закана

Законот признава „загадување“ и дека рударството произведува огромни количини јаловина и токсичен отпад, но наместо превенција, нуди само управување со „ризик“ и ги остава вратите широко отворени за ризикот од кој се плашиме да се случи!

Рударските јаловишта и таложни езера се вистински еколошки бомби кои можат да пукнат и да предизвикаат трајно загадување на цели региони. Во светот има бројни трагедии каде вакви системи се урнале и уништиле цели реки и села неповратно!

Во суштина, народот губи двапати:

Прво, му се зема правото да одлучува за сопствените ресурси.

Второ, му се зема здравата средина и иднината: чиста вода, плодна почва, воздух без отрови.

Законот ја продава иднината на Македонија под параванот на „усогласување со европски регулативи“ и „стратешки интерес“, но реално претставува закон за колонизација на ресурсите во интерес на корпорации, а на штета на граѓаните!

Ни го одзема правото да решаваме за нашите ресурси и го претвора нашиот пејзаж во долгорочна рударска зона.

Затоа РУДНИЦИ НА СМРТТА НЕМА ДА ИМА!

19.08.2025 Огнен Плавевски

1. Ослабена заштита на животната средина
Законот пропишува дека рударските проекти мора да се совпаѓаат со „стратегиите за геолошко истражување и експлоатација“, но не воспоставува доволно строги стандарди за мониторинг на влијанието врз почвата, водата и воздухот (Член 37, Член 38). На пример:

Недостаток на задолжителни реципрочни мерки за обновување на земјиштето по завршување на проектите (Член 23).
Овозможување на продолжување на концезиите за експлоатација без дополнителни услови за заштита на животната средина (Член 12).
2. Недостаточна контрола над стратегиските и критичните минерални суровини
Законот предвидува список на „стратешки и критични минерални суровини“ (Член 8), но не воспоставува механизам за државна контрола врз нивната експлоатација. Тоа значи:

Може да дојде до приватизација на ресурси од национален интерес (како литум, кобалт, ретки земјени елементи) без јавно учество или гаранции за долготрајна корист за државата (Член 45).
Недостаток на правила за резервирање на ресурси за иднината или за задоволување на домашните потреби (Член 46).
3. Ограничување на правата на локалните заедници
Законот не предвидува задолжително учество на локалните заедници во одлуките за рударски проекти, дури и кога тие директно се погодуваат од нивното работење (Член 41). На пример:

Недостаток на услови за консултации со граѓаните пред давање на концесии или дозволи за експлоатација (Член 14, Член 35).
Овозможување на експропријација на земјиште за рударски цели без адекватна компензација или алтернативни решенија за погодените семејства (Член 22).
4. Недостаток на транспарентност и контрола
Процесот за доделување на концесии и дозволи е сложен и зависи од административни одлуки, но законот не воспоставува јасни критериуми за оценување на кандидатите или механизми за спречување на корупцијата (Член 10, Член 15). На пример:

Возможност за фаворизирање на големи компании во трката за концесии, што може да го ограничи учеството на помалите претпријатија или локалните инвеститори (Член 19).
5. Ризик од монополизација на ресурсите
Законот не воспоставува лимити за концентрација на сопственост врз рударските ресурси, што може да доведе до формирање на монополистички позиции. Тоа би значело:

Повисока цена на минералните суровини за домашниот пазар (бидејќи компаниите немаат стимул да конкурираат).
Ограничен пристап до ресурсите за мали бизниси или иновативни стартапови (Член 49).
Заклучок
Доколку законот не се дополни со посебни прописи за заштита на животната средина, учество на граѓаните и анти-монополска регулација, постои ризик од:

Деградација на природните ресурси и загуба на биолошката разновидност.
Зголемување на цените на енергијата и минералните производи за граѓаните.
Ограничување на економската можност на локалните заедници да профитираат од своите ресурси.
За да се избегнат овие проблеми, неопходно е јавно дебатирање и амандмани кои ќе ја засилат заштитата на животната средина, ќе гарантираат transparентност во управувањето со ресурсите и ќе ја заштитат правдата за граѓаните.
<< < 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 ... > >>