Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија - Одделение за соработка со невладини организации ги повикува граѓанските организации активно да придонесат во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата на Република Македонија за 2019 година, согласно член 14 од Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики („Службен весник на Република Македонија“ бр.99/11).
Предлозите за политики треба да се однесуваат на конкретни законски одредби и да се во функција на остварување на стратешките приоритети и приоритетните цели на Владата на Република Македонија за 2019 година.
Предлозите, во писмена форма, со пополнување на Образец, објавен на http://www.nvosorabotka.gov.mk/?q=node/113 можат да се достават до 14.09.2018 година, на следната адреса:
Генерален секретаријат на Владата на Република Македонија
Одделение за соработка со невладини организации,
бул. Илинден бр. 2, 1000 Скопје