Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат организира консултативни средби со граѓанскиот сектор за Предлог-Стратегијата на Владата на Република Македонија за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со Акциски план 2018-2020, што ќе се одржат во Скопје на 16.4.2018 година (понеделник), од 12:00 до 15:00 часот, во Клубот на органите на управата (бул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.45) и во Битола на 19.4.2018 година (четврток) од 11:00 до 14:00 часот во Салата за седници на Советот на општина Битола (бул.1ви Мај бр.61). Се покануваат сите заинтересирани граѓански организации своето учество на овие настани да го пријават на e-mail: nvosorabotka@gs.gov.mk најдоцна до 16.4.2018 до 10:00 часот.
Поканата до заинтересираните граѓански организации и текстот на Предлог-Стратегијата и Предлог-Акцискиот план се достапни на веб-страницата на Одделението, на следниот линк: http://www.nvosorabotka.gov.mk/?q=node/90