Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија - Одделение за соработка со невладини организации го повикува граѓанскиот сектор за активен придонес во подготвувањето на Програмата за работа на Владата на Република Македонија за 2017 година, согласно член 14 од Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики („Службен весник на РМ“ бр.99/11).
Предлозите за политики треба да се однесуваат на конкретни законски одредби и да се во функција на остварување на стратешките приоритети и приоритетните цели на Владата на Република Македонија за 2017 година. Предлозите треба да ги содржат следните податоци: име и адреса на организацијата и авторите на документот или предлогот, податоци од извршена анализа, како и изјава дали сте согласни за објавување на предлогот на веб локацијата на Одделението за соработака со невладини организации: http://www.nvosorabotka.gov.mk .
Предлозите во писмена форма можете да ги доставите до 15.09.2016 година, на следната адреса:
Генерален секретаријат на Владата на Република Македонија
Одделение за соработка со невладини организации
Бул. Илинден бр. 2,
1000 Скопје