Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Предлог на Закон за административни службеници

Министерство за јавна администрација
24.07.2024
Закон
Отворен
Постојниот Закон за административни службеници воведе доста новини во однос на регулирањето на статусот и постапката за вработување на административните службеници. Законот воспостави нови стандарди во однос на управувањето со човечките ресурси во јавниот сектор. Но од досегашната примена на законот на површина излегоа голем број на практични проблеми во имплементацијата. Од анализите и добиените забелешки произлезе дека треба да се менуваат повеќе од 1/3 од постојните членови па се пристапи кон подготовка на целосно нов закон. Со Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа се формира ново Министерство за јавна администрација кое е надлежно за законско уредување на прашањата од надлежност на администрацијата. Предлог законот е повлечен од собраниска процедура со цел доработка во насока на усогласување со позитивните законски прописи.
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

Коментирај

28.01.2025 Бојан Трипуноски

Забелешките се во ПДФ формат
Прикачен документ на коментарот 553_Забелешки_ЗАС_15.01.20251514863315.pdf

26.01.2025 Ристо Настоски

Со предложениот Закон за административни службеници, -Судските службеници се ставени како администратицни службеници, во подгрупа на посебни државни службеници.На овој начин се дерогира постојниот закон за судска служба во целост, многу мал дел е ставен да се регулира со посебен закон, па прашање е дали треба да постои Закон за судска служба. На овој начин судските службеници, кои преставуваат администрација на една посебна судска власт согласно Уставот, надвор од извршната, се става под капа и зависност на извршната власт, со цел да биде контролирана во сите права и обврски на работните односи. Прашање е дали ќе опстојат и термините на „судски службеници“ или “судска служба“, бидејќи со овој закон се воведува термин „посебен државен службеник кој работи во судовите“. Во сегашниот закон за административни службеници воопшто не беа опфатени и засегнати судските службеници, тоа беше во целосна надлежност на Законот за судска служба, додека сега со предложениот Закон за административни службеници скоро 95 % од односите кои ги регулира Законот за судска служба се пренесени во Законот за адмнистративни службеници, кое нешто не одговара на спецификата и посебноста на судската служба.
Предложениот закон за администраивни службеници има многу мала содржина и опфат на односите во делот на судската служба, со што во иднина ќе се соочиме со проблем на неспроведливост и неприменливост. Сегашните закони за административни, јавен сектор, судски службеници и јавнообвинителски службеници се посодржајни, посеопфатни и резултат на долг временски период фумкционирање, пред се истите претрпеа низа на измени после нивното донесување во 2014 година и понудија во голем дел целосна применливост, без да се задира во самостојноста и спецификата на секоја наведена служба. Се предвидува Комисија за вработување која ќе содржи постојани членови на пример службеник одговорен за човечки ресурси и непосредно претпоставен службеник. Во судовите на 90% од вработените непосредно претпоставен е Судскиот администратор, кој согласно овој закон е предвидено дека ја носи и одлуката за избор на кандидат, на тој начин ќе дојде до неприменливост на одредбата и неможност за реализирање на вработување. Од друга страна постојаноста на уште еден член од човечки ресурси, нуди можност за пристрасност односно влијание врз истиот при одлучувањето во постапките. (99% од институциите немаат службеник со работно место во делот на човечки ресурси) што ќе предизвика тоатална хаотичност.
Се поставува прашањето, што би регулирал некој иден Законот за судска служба, кој области ќе ги регулира, дали смее да се вика Закон за судска служба или „Закон за посебни државни службеници кои работат во судовите“. Загрозена е самостојноста на посебните служби преставници на посебните власти, нивната специфика и неможноста за самостојна регулација на нивните права и обврски кои произлегуваат од работните односи. СО ВАКВА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА СЕ ВРАЌАМЕ ВО ПЕРИОДОТ ПРЕД 2000 ГОДИНА. КАКО ВО ЕВРОПСКА УНИЈА, КАКО ДО НЕЗАВИСНА И ПРОФЕСИОНАЛНА СУДСКА СЛУЖБА, ЈАВНООБВИНИТЕЛСКА СЛУЖБА, СОБРАНИСКА СЛУЖБА, КОГА Е СТАВЕНА ПОД ПОСЕБНА специјална ГРИЖА НА ЗАКОН КОЈ ТРЕБА ДА УРЕДУВА ЕДИНСТВЕНО ОДНОСИ НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ИЗВРШНАТА ВЛАСТ.

<< < 1 2 3 4 > >>