Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Предлог на закон за заштита на потрошувачите

Министерство за економија
29.10.2021
Закон
Затворен
Со новиот Предлог закон кој се усогласува со директивите на Европската Унија се уредуваат одредби со кој се овозможува примена на ервропското право во областа на заштитата на потрошувачите, а воедно и појасно дефинирани обврски кои треба да ги исполнат трговците и правните лица спрема потрошувачите. Предложените решенија ќе придонесат да се креира модерна законска рамка, која обезбедува високо ниво на заштита на правата за потрошувачите и гарантира полесни услови за деловно работење, да се воспостави соодветна административна структура за развој и координација на оваа политика со сите други засегнати страни, да се зајакне независноста и репрезентативноста на здруженијата за заштита на потрошувачите, да се подобрат механизмите за поддршка на потрошувачите за решавање на нивните приговори и да се обезбедат адекватни услови за имплементација на политиките за безбедност на производи, се со цел да се постигне понатамошен напредок во оваа област
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

06.12.2021 Дарко Петровски

Почитувани,

Во прилог ви ги доставуваме коментарите од А1 Македонија ДООЕЛ Скопје на Предлог Законот за заштита на потрошувачите предложени .

Со оглед на обемноста на коментарите, ви го доставуваме целиот предлог текст на закнот во кој се инкорпорирани нашите коментари.

06.12.2021 Марјан Ненов

Предлог Законот за заштита на потрошувачите да се дополни во членот 93, со нови ставови 4, 5 и 6, кои ќе гласатЧ

Став (4)Ч Непочитување на одредбата од став 1 на овој член, од страна на непочитувач- правно или физичко лице, ќе
има за последица плаќање на казна (глоба)- во износ одЧ

- 2000 евра во денарска противвредност за правното лице
- 1000 евра во денарска противвредност за одговорното лице во правното лице

(5) Казната (глобата) ја изрекува и наплатува Државниот пазарен инспекторат, во посебна постапка.

(6) Доколку постапката од став (5) на овој член е водена по иницијатива на засегнато лице,
вознемирено со постапувања на лицата-непочитувачи на став 4 на овој член, (и воопшто, непочитување на Законот за потрошувачи за кои постапки води Државниот пазарен инспекторат) на засегнатото лице му се исплаќаат 50% од изречената и
наплатена глоба, а останатиот дел, 50% се уплаќаат во буџетот на РМ.

Кусо образложение
Веќе подолг период наназад рапидно порасна класичниот но и организираниот криминал. И тоа не е спорно.
Во најголем број злоупотреби мотивирани од лесна заработувачка и остварување незаконски добивки, голем број правни лица прибегнуваат кон најразлични облици на измами и други облици на незаконито постапување.
Според тоа, една од мерките што сметаме дека е нужно да се вгради во новиот Закон за заштита на потрошувачите е изрекување на драконски глоби за незаконитото постапување против овие лица. Само со такви мерки ќе се спречи или драстично ќе опадне идно криминално поведение на овие сторители.


Член 222 од Предлог-законот
Предлагаме бришење на ставот (1) од овој член.
Ставот (2) да премине во став (1).

Кусо образложение
Сметаме дека одредбата од ставот (1) е во правна колизија со членот 52 ставот (4) од Уставот, кој гласич
Законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните.
Во правниот поредок, највисок правен акт е Уставот.
Член 51 став (1) од Уставот, гласи
Во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон.
Сметаме дека предложената одредба им го одзема правото на оштетените гарантирано со членот 52 став (4) од Уставот.
Воедно, сметаме дека ваквата одредба ќе биде предмет на иницијатива за оценка на уставноста и законитоста на истата од страна на Уставниот суд.

Но пасаран го изразува својот сериозен интерес да учествува во понатамошните фази во донесување на новиот Закон за заштита на потрошувачите.
Во понатамошните активности Но пасаран ќе достави и одредени материјали и писмени докази за конкретни случувања во однос на повредите на законските права на граѓаните и потрошувачите.

Слободни сме да побараме од вас во претстојниот период да доставите покана до Но пасаран и соодветни материјали навремено, како би имале доволно време да се подготвиме и активно да учествуваме и дадеме свој придонес во донесување на овој многу важен закон.

За Вашето разбирање и соработка однапред Ви благодариме.

Со почит,

Претседател на Но пасаран,
Марјан Ненов

03.12.2021 Елизабета Тодоровска

Почитувани,

Во прилог Ви доставуваме коментари на предлог Законот за заштита на потрошувачите од страна на ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје и ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ Скопје.
Се надеваме дека нашите коментари и предлози за измени ќе бидат земени во предвид од Ваша страна при изработката на конечниот текст на овој закон.

Со почит,
Елизабета Тодоровска
Оддел Право и осигурување
Прикачен документ на коментарот 234_Коментари-на-ЗЗП-02122021-ЕНЕР4285415.docx
<< < 1 > >>