Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Предлог на Закон за инспекциски надзор

Министерство за информатичко општество и администрација
30.05.2018
Закон
Отворен
Целта на Законот за инспекциски надзор е регулација на елементите на инспекцискиот надзор; дефинирање на статусот и прецизирање на улогата и надлежностите на Инспекцискиот совет; јасно утврдување на правата и обврските на субјектите на надзор; намалување на рестриктивноста и репресивноста како и на обврските на инспекциските служби кон Инспекцискиот совет; комплементарно регулирање на статусните прашања за инспекторите, поедноставување на постапката за лиценцирање на инспектор; воведување на нов концепт на инспекциски надзор преку планирање врз основа на процена на ризик; олеснувањето и поголема правна сигурност за субјектите на надзор (пред се од приватниот сектор) со воведување на унифицирани правила за надзор и задолжителност на листи за проверка при редовниот надзор и на крајот, надминување на неконзистентноста,слабостите и пропустите во текстот на актуелниот закон.
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

22.11.2018 Марјан Јовановски

Според мене потребно е да се ИЗМЕНИ предложениот чл.48 став 2 од Нацрт Законот за инспекциски надзор (Член 48 Плата и надоместоци од плата на инспектор
Став 2 -„Инспекторот има право на додаток на плата во висина дo 30% од износот на основната плата, доколку во буџетот се обезбедени средства за таа намена.“)
ПРЕДЛОЖЕНИОТ ЧЛЕН 48 СТАВ 2 ТРЕБА ДА ГЛАСИ:
Инспекторот има право на додаток на плата во висина од 10-30% од износот на основната плата, од средства кои се обезбедени во Буџетот за таа намена.
СО ПРЕДЛОЖЕНИОТ ТЕКСТ од ПОСТОЕЧКИОТ НАЦРТ ЗАКОН, Е УСКРАТЕНО ПРАВОТО КОЕ ВЛЕГУВА ВО ДЕЛОТ НА РИЗИК ПРИ РАБОТА. Сметам дека со прифаќањето на овој предлог ке биде исправена една голема неправда кон вработените во инспекциските служби, од причина што за истите воопшто во изминатиот период не се земени во предвид ризикот што го имаат при самата работа, безбедноста, климатските фактори, работата на терен, прекувремената работа и други работи кои директно влијаат врз работата на инспекциските служби.
Со надеж дека ке излезете во пресрет на ова Барање кое сметам дека е реално и дека е во рамките на Вашите можности и надлежности, Однапред Ви благодарим.

23.11.2018 Министерство за информатичко општество и администрација

Почитуван,

Ви благодариме на доставениот коментар. Ве известуваме дека истиот ќе биде дополнително разгледан по истекот на периодот за достава на коментари, заедно со сите останати.

Со почит,
Министерство за информатичко општество и администрација

22.11.2018 Славе Ангелоски

За Нацртот на законот би дал првично солиден впечаток, добро е што некои работи се подобруваат, исто така добро е што лица што полагале испит и положиле за инспектор ќе добијат трајни лиценци и нема да преполагаат на секои 6 години.

Но има и негативни забелешки за работи што се предлагаат а се полоши од важечкиот закон и се спротивни на член 9 од Уставот на РМ (право на еднаквост) и член 52 став 4 (забрана за ретроактивно дејство) како што е на пример полагање на испит но само под услов да се посетува обука која трае прилично долго со што сите оние што имаат интерес да полагаат испит за лиценца за инспектор во некоја област за која исполнуваат услови, а никогаш не работеле во инспекторат, ќе бидат спречени/оневозможени во тоа. Со тоа ќе бидат доведени во нееднаква положба со лицата што полагале испит за лиценца за инспектор по сегашниот закон за кои не морало да посетуваат обука. Тука е ограничувачка одредбата и неуставна.

Предлог е да се избрише тој член 42 или некако да се смени за да може да се полага без да мора обука да се посетува и без да мора да се засновал работен однос во инспекторат претходно, без да се прави дискриминација на едни кандидати со други по сега важечки и овој нов закон што се планира.

Благодарам.
<< < 1 2 3 4 > >>