Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Предлог на Закон за административни службеници

Министерство за јавна администрација
24.07.2024
Закон
Отворен
Постојниот Закон за административни службеници воведе доста новини во однос на регулирањето на статусот и постапката за вработување на административните службеници. Законот воспостави нови стандарди во однос на управувањето со човечките ресурси во јавниот сектор. Но од досегашната примена на законот на површина излегоа голем број на практични проблеми во имплементацијата. Од анализите и добиените забелешки произлезе дека треба да се менуваат повеќе од 1/3 од постојните членови па се пристапи кон подготовка на целосно нов закон. Со Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа се формира ново Министерство за јавна администрација кое е надлежно за законско уредување на прашањата од надлежност на администрацијата. Предлог законот е повлечен од собраниска процедура со цел доработка во насока на усогласување со позитивните законски прописи.
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

09.08.2024 Николина Николина

1)Секој кандидат да си има профил, да, но, беспотребно кандидатите се изложуваат на трошоци.
А) Државјанство, полнолетство и изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност да се утврди по службена должност преку поврзување на АА со соодветните институции.
Б) Статусот на дете без родители и лице со посебни потреби, болни со одредени тешки заболувања и лица со ретки болести зборам за веќе дијагностицирани да се потврди по службена должност преку поврзување на АА со ФЗО (бидејќи истите користат скапи лекови) и Министерство за здравство. Редно е овие лица државата да ги згрижи, во секоја институција да има процентуална застапеност.
В) Да се прикачи поледната диплома од завршено образование со прикажан просек.
Г) На административните службеници од категорија А и Б да им се бара сертификат за познавање на странски јазик и познавање програми од канцелариско работење, но не и на оние од категорија В и Г. Во институциите да си се вработат стручни преведувачи ако има потреба.
Д) Работното искуство да се докажува со М1 и М2 образец, а волонтирање/пракса со потврда договор за што ќе се добиваат плус поени.
2) Следна фаза да биде административна проверка на внесените податоци во профилот од страна на комисија од тројца вработени искучиво во АА па друри потоа да се полага испитот
3) Прашањата за испитот нека бидат јавно објавени и истиот да се состои од
-проверка на познавање на македонски јазик (проверка на правопис) и
-стручен дел (нека се дозволи и на 20 % од заедниците да полагаат на својот јазик)
Да се исфрли снимањето на испитот.
4) Интервјуто да се спроведе со најдобриот кандидат во просториите на работодавачот пред комисија од тројца члена од кои еден ќе биде од АА. Тука да не се даваат никакви поени туку оценката да биде ПОДОБЕН/НЕПОДОБЕН доколку се има некаква забелешка во поглед на текот на постапката за вработување, Доколку е неподобен тогаш да се повика вториот од листата и т.н.Тука на интервјуто се прават најголемите малверзации со поени.
5) По одлуката за избор избраниот кандидат задолжително да потпише заклетва дека стручно и совесно ќе ја обавува својата работа и нема да учествува во изборни активности во текот на работното време и нема да истакнува партиски симболи. Во спротивно да му престане работниот однос.
6) На нововработениот да му се назначи ментор кој ќе работи со него.




09.08.2024 Николина Николина

1)Секој кандидат да си има профил, да, но, беспотребно кандидатите се изложуваат на трошоци.
А) Државјанство, полнолетство и изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност да се утврди по службена должност преку поврзување на АА со соодветните институции.
Б) Статусот на дете без родители и лице со посебни потреби, болни со одредени тешки заболувања и лица со ретки болести зборам за веќе дијагностицирани да се потврди по службена должност преку поврзување на АА со ФЗО (бидејќи истите користат скапи лекови) и Министерство за здравство. Редно е овие лица државата да ги згрижи, во секоја институција да има процентуална застапеност.
В) Да се прикачи поледната диплома од завршено образование со прикажан просек.
Г) На административните службеници од категорија А и Б да им се бара сертификат за познавање на странски јазик и познавање програми од канцелариско работење, но не и на оние од категорија В и Г. Во институциите да си се вработат стручни преведувачи ако има потреба.
Д) Работното искуство да се докажува со М1 и М2 образец, а волонтирање/пракса со потврда, договор за што ќе се добиваат плус поени.
2) Следна фаза да биде административна проверка на внесените податоци во профилот од страна на комисија од тројца вработени искучиво во АА па друри потоа да се полага испитот
3) Прашањата за испитот нека бидат јавно објавени и истиот да се состои од
-проверка на познавање на македонски јазик (проверка на правопис) и
-стручен дел (нека се дозволи и на 20 % од заедниците да полагаат на својот јазик)
Да се исфрли снимањето на испитот.
4) Интервјуто да се спроведе со најдобриот кандидат во просториите на работодавачот пред комисија од тројца члена од кои еден ќе биде од АА. Тука да не се даваат никакви поени туку оценката да биде ПОДОБЕН/НЕПОДОБЕН доколку се има некаква забелешка во поглед на текот на постапката за вработување, Доколку е неподобен тогаш да се повика вториот од листата и т.н.Тука на интервјуто се прават најголемите малверзации со поени.
5) По одлуката за избор избраниот кандидат задолжително да потпише заклетва дека стручно и совесно ќе ја обавува својата работа и нема да учествува во изборни активности во текот на работното време и нема да истакнува партиски симболи. Во спротивно да му престане работниот однос.
6) На нововработениот да му се назначи ментор кој ќе работи со него.




01.08.2024 Анабела Димоска

Максималниот број на карактери што може да се внесат во ова поле е 8000. Се препорачува коментарите да се даваат во ова поле заради подобра следливост. Доколку сакате да дадете пообемни коментари тогаш прикачете документ во кој ќе бидат содржани истите.
<< < 1 2 > >>