Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Закон за инспекциски надзор во животната средина

Министерство за животна средина и просторно планирање
26.05.2021
Закон
Отворен
Со цел организирање на поефикасен и воедначен систем на инспекциски надзор во животната средина на целата територија на Република Северна Македонија, а воедно и исполнување на барањата кои произлегуваат од правото на ЕУ во однос на инспекцискиот надзор во животната средина, МЖСПП пристапи кон изработка на предлог на Закон за инспекциски надзор во животната средина.
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

01.07.2021 Дејан Андонов

3/3
...
Сметаме дека овие генерални забелешки и барања треба да се внесат во предлог-законот како стожерни принципи за организирање и спроведување на ефикасен и ефективен инспекциски надзор во животната средина. Дополнително, во прилог испраќаме конкретни коментари на понудениот законски текст.

Стоиме на располагање за соработка во подобрувањето на законскиот текст и очекуваме да не известите за одржувањето на јавната расправа за предлог-законот.

Со почит,

1. Институтот за комуникациски студии (ИКС)
2. Центар за еколошка демократија „Флорозон“
3. О2 Иницијатива
4. Зелен институт
5. Македонско здружение на млади правници
6. Еко живот – Кавадарци
7. Еко свест
8. Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС)
9. Институтот за демократија „Социетас цивилис“
10. Центар за економски анализи (ЦЕА)
11. Институт за европска политика (ЕПИ)
12. Центар за истражување и креирање политики (ЦИКП)
13. Рурална коалиција
14. Гоу грин
15. Еко герила - Тетово
16. Грин.орг – Кочани
17. ЕД Вила Зора – Велес
18. ЕД Планетум – Струмица
19. Асоцијација за демократски иницијативи – Гостивар
20. Еко логик
21. Добра земја
22. Го сакам Водно
23. Екозвон
24. Арт поинт – Гумно
25. Здружение на бизнис жени
26. Зружение за социјални иновации и одржлив развој РАДАР
27. ЕД ГВЕКО - Гостивар
28. Граѓански центар за оддржлив развој ЕГРИ - Крива Паланка
29. Центар за развој и унапредување на јавниот живот - Тетово (ЦРУЈЖ Тетово)
30. Регионално географско друштво ГЕОСФЕРА – Битола
31. СФЕРА Интернешнал
32. Ромски национален центар
33. доц. д-р Златко Илијоски, дипломиран инженер геолог
Прикачен документ на коментарот 186_Коментари_Предлог-закон_за_инспекција_во_животната1478433050.docx

01.07.2021 Дејан Андонов

2/3
...
Поднесувачите ги имаат следните барања за измени и дополни на предложениот текст

1. Да се усогласат законските одредби со Законот за инспекцски надзор, посебно во делот на пропишаните акти и документиЧ
• Формата и содржината на стратегијата односно стратешкиот план, програмата (како и начинот на подготовка, следење и реализација), годишниот план, образецот за инспекциски надзор (како и начинот на подготовка, донесување и следење на реализацијата), упатствата за најава и вршење на ненајавен инспекциски надзор, извештајот (како и начинот на подготовка, донесување и објавување), упатства за базата на податоци за инспекциските активности (начинот на водење и одржување на централно и локално ниво), регистарот на субјекти на инспекциски надзор во животната средина
• Постапката за земање примероци за анализа од страна на инспекторите, во случаи на итностч
• Видот и начинот на пресметка на трошоците на инспекцискиот надзор во животната средина
• Методологија за спроведување на проценката на ризикот за одредени дејности, според која се планира зачестеноста на вршење инспекциски надзор во животната средина врз одредени субјекти.
2. Јасно да се дефинираат надлежностите на државните и овластените инспектори, како и начинот на меѓусебна соработка и координација, со можност за постапување на овластените инспектори во случаи на итност и загрозување на животната средина.
3. Примената на стандардните оперативни процедури и листите на проверка да биде задолжителна, а да се утврди методологија на нивно креирање, како и нивната форма и содржина.
4. Да се креира интер-институционален инструмент на задолжителна соработка помеѓу надлежните органи и тела при вршењето надзор. Да се препознае Инспекцискиот совет како надредена институција која ги гради стратешките правци на развој на инспекциските служби и орган кој е задожен за континуирана едукација, наобразба и усовршување на инспекциските кадри согласно со реалните потреби на институциите.
5. Да се воспостават механизми за контрола на квалитетот на инспекцискиот надзор и да се предвидат мерки за спречување на корупцијата.
6. Да се обезбеди целосна јавност во работата на Државниот инспекторат за животна средина преку законско формализирање на соработката со Граѓанскиот инспекциски совет во процесите на планирање, развој, спроведување и мониторинг на инспекцискиот надзор во животната средина.
7. Да се воспостават услови за креирање финансиска рамка за континуиран технолошки напредок на Државниот инспекторат за животна средина, преку набавка на мерна опрема и инструменти за вршење надзор на лице место, како и постојана доедукација на кадрите.
8. Да се воспостави интерактивен информативен систем базиран на ИТ иновативни решенија за информирање и комуникација со јавноста, со што Државниот инспекторат за животна средина ќе биде ефикасна институција за оперативно дејствување и спречување на загадувањето на животната средина.
9. Да се предвидат реални финансиски средства за имплементација на законот, покажувајќи дека измените ќе придонесат за реално подобрување на инспекцискиот надзор во животната средина.
Прикачен документ на коментарот 185_Коментари_Предлог-закон_за_инспекција_во_животната1714382232.docx

01.07.2021 Дејан Андонов

Почитувани,
Триесет и три (33) организации-членки на Алијансата за застапување и лобирање „Рабистри сè“, Граѓанскиот инспекциски совет за соработка со ДИЖС, како и останати граѓански организации и иницијативи го анализираа текстот на предлог-законот и забелешките ги сублимираа во следните заклучоци

1. Дел од предложените законски одредби не се доволно јасни и прецизни, а дел се во колизија со повеќе одредби на Законот за инспекциски надзор (Службен весник 102/19), што може да доведе до постоење на паралелни системи за координација и стратешко планирање, како и до судир на надлежности (помеѓу Државниот инспекторат за животна средина и Инспекцискиот совет за инспекција во сите области)
2. Не се јасно утврдени надлежностите на државните и овластените инспектори и начинот на меѓусебна координација, што е еден од поголемите проблеми и сега
3. Законот ги предвидува стандардните оперативни процедури и листите за проверка само како можност за користење при инспекцискиот надзор, но не и како обврска, што може да предизвика необјективност од страна на инспекторите при вршењето на инспекциски надзор, но и правна несигурност кај субјектите врз кои се врши инспекциски надзор
4. Предлогот не ја препознава доволно меѓуинституционалната соработка во спроведувањето на инспекцискиот надзор, а Инспекцискиот совет не е препознаен како надредена институција
5. Понуденото решение нема јасни контролни механизми за мерење на квалитетот на надзорот и не дозволува проактивност во информирањето на јавноста
6. Предлог-законот не обезбедува учество на јавноста во следење на работата на инспекциските служби и доследно спроведување на Архуската конвенција
7. Предлог-законот нема развојна компонента преку која ќе се овозможи технолошки развој на службите за инспекциски надзор
8. Државниот инспекторат за животна средина се претвора во бирократска институција, која се задолжува да води политики и да изработува стратегии и програми, наместо да биде ефикасна институција за оперативно дејствување и спречување на загадувањето на животната средина
9. Нејасно е како Владата и МЖСПП процениле дека донесувањето на законот нема никакви финансиски и буџетски импликации, особено ако се има предвид дека предложениот закон предвидува обврска за вработување на најмалку еден овластен инспектор за животна средина во општините.
Прикачен документ на коментарот 181_Коментари_Предлог-закон_за_инспекциски_надзор_во_ж1466367941.docx
<< < 1 2 3 > >>