Најава Најава
Потребно е да се согласите со правилата и условите за користење на ЕНЕР

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата:https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството .

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

ПРОПИС: Предлог Кодекс за административни службеници

Министерство за информатичко општество и администрација
08.04.2021
Правилник
Отворен
Една од заложбите на Владата на Република Северна Македонија е и враќање на довербата во институциите, а од друга страна на Кодексот како подзаконски акт е донесен во 2014 година, не е направена оценка за неговата примена, се наметна потребата за спроведување на ваква активност од која произлезе донесување на нов Кодекс на административни службеници.
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

23.04.2021 Марија Мирчевска

Во прилог може да се најде коментар на ФООМ, по однос на предлогот.

20.04.2021 Илина Мангова

1. Да се наведе кое тело е одговорно за ставање на Кодексот во функција, осигурување на придржување до Кодексот, постапка по негово прекршување, спроведување обуки, проверка на свесност и знаење за правилата на однесување, итн.
2. Во прилог на Кодексот е „ ИЗЈАВА ЗА ПРИФАЌАЊЕ НА ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА ЗАЕДНИЧКАТА МИСИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР“ чиј наслов не соодветствува на Кодексот и неговите правила.
Во врска со Изјавата предлагамЧ
2.1 Изјавата да биде „Изјава за прифаќање на Кодексот за административни службеници и исполнување на мисијата на јавниот сектор“. Изјавата за прифаќање на Кодексот не го исклучува службеникот од одговорност по основ на правилата на Кодексот, туку служи за потврда дека јавниот службеник го прочитал Кодексот и е свесен за неговите правила. Вториот дел од насловот служи за службеникот да потврди дека „прифаќа да ја исполнува мисијата на јавниот сектор, односно да служи на граѓаните и на државата.
2.2 „Мисијата на јавниот сектор“ не е дефинирана во Кодексот и за прв пат се споменува во Изјавата. Мисијата треба да се дефинира во Кодексот.
2.3 Изјавата треба да биде во прво лице еднина. Секој административен службеник е одговорен сам за себе и може да дава изјава само во свое име, а не и во име на други лица.
2.4 Називот на Изјавата треба соодветно да се смени во законот.
Земајќи предвид дека документот е на македонски јазик и дополнително на него ќе има и верзија на албански јазик, согласно правописот на македонскиот јазик во овој документ името на министерот кое сега е на албански јазик, треба да транскрибира со кирилско писмо. Пример „ Поаѓајќи од начелото дека буквите од албански на македонски јазиктреба да се пренесат на начин што ќе биде најблиску до нивниот оригинален изговор, албанските диграфи шДхѓ/шдхѓ треба да се пренесат со шДѓ/шдѓ, шТхѓ/штхѓ со шТѓ/штѓ и шРрѓ/шррѓ со шРѓ/шрѓЧ Дардхисхта – Дарɡишта, Бардхи – Барɡи, Фатбардха – Фатбарɡач Тхими – Тими, Тхома – Тома, Тхаци – Тачи, Рромир – Ромир, Ррусхе – Руше, Ррезарта – Резарта.

Извадено од дел Х „. Транскрипција и транслитерација на туѓите имињаЧ Албански јазик“
<< < 1 > >>