Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН за изменување и дополнување на Законот за работните односи

Министерство за труд и социјална политика
07.04.2021
Закон
Затворен
Со Предлогот на закон се овозможува создавање на законски решенија за поголема заштита на правото на неделен одмор, при што се дозволуваат исклучоци во определени дејности и се елиминираат можните злоупотреби во однос на обезбедување на користењето на ова право.
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

29.04.2021 Правен сектор

Почитувани,

Предложената измена во член 134 став 3 од Законот за работните односи со која се врши поименично именување на дејностите на кои ќе им биде дозволено да работат во недела е проблематична, нелогична и нецелосна, па мора да биде ревидирана.

Доколку остане ставот таксативно да бидат наведени сите дејности во кои ќе може да се работи во недела, сметаме дека е неопходно вклучување на дејноста производство на пиво и безалкохолни пијалаци.

Имено, производството на пиво е процес кој мора да биде континуирано надгледуван и управуван. Се работи за специфичен процес кој е управуван од живи организми (пивски квасци). Ферментацијата мора биде постојано следена, а во процесот потребно е да се има континуирана поддршка од делот на енергетика т.е непрекинато снабдување со воздух, вода, ладилна и топлотна енергија. Резултатот од прекин во некоја од горенаведените алки е директно нарушување на квалитетот на производот и огромни загуби. Забраната за работа во недела во оваа дејност ќе значи целосно нарушување на квалитетот на пивото. Дополнително производството на пиво и безалкохолни пијалаци е од сезонски карактер па забраната за работа во недела би имала негативни импликации, особено во тек на сезоната. Техничките капацитети, во сезона, многу често и не се доволни да ја задоволиме зголемената побарувачка за нашите производи на домашниот пазар и странскиот пазар.

Очекуваме разбирање и коригирање на предложениот текст. Вака поставениот предлог е спротивен на целта да имаме поконкурентно стопанство.

05.05.2021 Министерство за труд и социјална политика

Почитувани,
Во врска со Вашиот коментар за Предлог на Законот на измена и дополнување на Законот за работните односи во делот на неделниот одмор, Ви го даваме следниот одговор:
Целта на ваквото законско решение е да се подобри балансот помеѓу приватниот и професионалниот живот од една страна, односно на повеќето од работниците во државата користењето на неделниот одмор да биде во денот недела и со тоа да се постигне подобра семејна усогласеност во однос на работните и семејните обврски. Исклучок од ваквото правило би биле работниците во оние дејности каде поради природата на работата и потребата од континиутет работните процеси не можат да се прекинат, за што овие работници со додатокот на плата за работа во недела, во некоја мера ќе бидат компензирани за работењето во ден кога повеќето работници одмараат.
Следствено на тоа, како резултат на процес на опсежни консултации со повеќе релевантни засегнати страни, исклучоците се објективно утврдени, односно земени се во предвид само оние дејности кај кои работниот процес е од таква природа што навистина не може да биде прекинат и има потреба од континуитет во работата, сметајќи дека при настанување на прекин работниот процес не би можел да продолжи на едноставен начин. Покрај тоа, во листата на исклучоци се предвидени и работни места кај работодавачи од дејности кои не се опфатени со додадениот став 3 од членот 134 од Законот за работните односи, а кои имаат карактер на помошни и придружни работи за непречено извршување на основната дејност на работодавачот, кои пак понатаму, со подзаконски акт дополнително ќе бидат дефинирани.

Со почит,
Министерство за труд и социјална политика

29.04.2021 Славица Стојчевска

Почитувани,
во прилог ги доставуваме забелешките во врска со Предлог измените на Законот за работни односи.

Со почит,
Скопски Пазар АД Скопје
Прикачен документ на коментарот 153_Скен_за_ЕНЕР1682577020.pdf
<< < 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 ... > >>