Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Предлог на Закон за буџети

Министерство за финансии
10.03.2020
Закон
Отворен
Постапката за изготвување, донесување, извршување на Буџетот на Република Северна Македонија и буџетите на единиците на локалната самоуправа и на градот Скопје, како и известување за извршување е регулирана во Закон за буџети од 2005 година и со неколку дополнителни измени. Истиот не е во согласност со новите трендови, препораки на меѓународи институции и директиви на Европската Унија.
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

27.10.2020 Благица Петрески

Детални коментари се дадени во ФТ Коментар бр 30 , во прилог на овој коментар
Прикачен документ на коментарот 64_FT-comment_30758396918.pdf

21.10.2020 Јована Тренчевска

Родово-одговорно буџетирање треба да биде внесено како дефиниција во член 2.
Предлог на дефиниција на изразотЧ Родово-одговорно буџетирање значи воведување на родовата перспектива во целокупниот контекст на буџетскиот процес од планирањето до ревизијата, преку употребата на посебни процеси и аналтички алатки, со цел промовирање на родово-одговорни политики.

Алатките треба да бидат вклучени во правилниците и/или други делови на легислативата кои би претходеле на Законот
Во член 3 точка 9-Во принципот на транспарентност да се внесе и правото на жените и мажите, момчињата и девојчињата (јавноста) да бидат јасно информирани со цел да ги разберат јавните политики/интервенции и финансиските средства што ќе се користат за нивно спроведување.
Член 3, точка 11-Во принципот на родова еднаквост, освен во планирањето и извршувањето, да се додаде и во следењето и ревизијата на буџетските приливи и одливи. Или принципот на родова еднаквост да биде дефиниран на следниот начинЧ
Принципот на родова еднаквост се однесува на јавните финансии кои им овозможуваат на жените и мажите, момчињата и девојчињата да имаат еднаква корист од јавните политики.)
Член 8-Во став 6 да се воведе и потребата на родова анализа во сите случаи на донесување на нови прописи или акти, не само за новите прописи или акти кои се во насока на унапредување на родовата еднаквост.
Член 8, став 7-Образецот за проценка на среднорочни фискални импликации треба да вклучува и родова анализа на можните импликации врз животот на жените и мажите.
Член 11 став 6-Принципот на родова еднаквост треба да биде внесен во Правилникот кој ќе биде усвоен од Фискалниот совет.
Член 13 став 4-Деталните упатства и временски рокови до матичните буџетски корисници за подготовка на соодветните стратешки планови треба да го вклучат воведувањето на родовата перспектива и родово-одговорното буџетирање како алатки кои би се користиеле во креирање на новите стратегии и ревизија на постоечките.
Член 29-Да се воведе и став за Правилник и насоки за изработка на родово одговорен буџет.
Член 30-Да се воведе и став за Правилник и насоки за изработка на родово одговорен буџет.
Член 31-Да се воведе родова буџетска изјава во насоките за изработка на буџетскиот циркулар или потребата од изработка на родова буџетска изјава да би вклучена во точка е) Став 2.
Член 32-Да се внесе како точка 4 под Став 2Ч
Обезбедување на родово разделени податоци во секоја фаза од буџетскиот циклус.
Член 40 став 4 и 5-Подзаконските акти или другите законски одредби што ќе го регулираат следењето на извршувањето на буџетот треба да вклучуваат родова ревизија како алатка за да се обезбеди дека буџетите се родово одговорни.
Член 90-Во став 3, да биде внесена и родова буџетска изјава во формата и содржината на извештаите за објавување.
Член 91-Во став 4, полугодишниот извештај за извршувањето на буџетот на државата и на општините, треба да вклучува и информација за прогресот во постигнување на целите поврзани со родовата еднаквост.
Член 92-Во став 4, да се воведе уште една точкаЧ
Извештај за реализација на целите поврзани со постигнување родовата еднаквост и нивните поврзани трошоци.
Член 93-Во став 4, да се додаде потребата од ревизија на извршувањето на буџетот на државата или на општината од родова перспектива. Државниот Завод за Ревизија треба да вклучува и посебни препораки околу постигнувањето на родово-одговорните политки во нивниот Ревизорски извештај.
Член 95-Во став 3 да се воведе нова точка, извештај за родово-одговорно буџетирање.

20.10.2020 Марија Ристеска

Центарот за истражување и креирање политики од основањето во 2004та година работи на буџетирање, добро владеење со јавните финансии и родово одговорно буџетирање. Придонесовме активно во реформата и градењето на капацитети за транспарентно и партиципативно буџетирање со донесувањето на Законот за буџети во 2005та година преку Граѓанскиот водич до буџети, бројни студии и мониторинг на трошењето на јавните пари од аспект на добро владеење и родов аспект. Како членови на Меѓународното партнерство за буџети и како организација која го подготвува Индексот на отворен буџет, но и ја предводи Мрежата на организации кои вршат родов надзор на буџетирањето го разгледавме предлог Законот за буџети, објавен за јавна консултација на ЕНЕР, и ги доставуваме следните коментари (види прилог).

Заложбата за воведување на родовото одговорно буџетирање кое Премиерот Заев ја даде уште во 2018 годинаш1ѓ, не се одразува во предложениот Закон за буџети. Република Северна Македонија како потписник на Декларацијата од Пекинг и Платформата за акција уште во 1995 се обврза на принципот на соодветно финансирање на родовата еднаквост (параграфи 345 и 346). И со пристапување на Агендата 2030 за оддржлив развој во рамките на целта за оддржлив развој број 5 да постигне родова еднаквост и да ги зајакне сите жени и девојки земјата се заложи “значајно да ги зголеми инвестициите со цел да се затвори родовиот јаз”. Затоа индикаторот 5ц1 број на земји со системи за следење и јавно објавување на буџетски алокации за родова еднаквостш2ѓ директно ја оценува транзицијата на земјите кон родово одговорно буџетирање. Индикаторот е насочен на процесот, односно го оценува процесот на буџетирање дали истиот се однесува и на родовата еднаквост, дали овозможува пристап, следење и известување на буџетските алокации и трошоците кои се однесуваат на жени и родовата еднаквост.Предложениот Закон за буџети пропушта историска шанса да постави законска основа за остварување на оддржливите развојни цели и меѓународните заложби за родова еднаквостч воедно да се усогласи со домашната подзаконска рамка за родово одговорно буџетирањеш3ѓ и Законот за еднакви можности.

Додека Австрија го има регулирано родовото одговорно буџетирање во Уставот, а сите соседни земји систематски го воведуваат во системот за управување со јавните финансии, предложениот Закон за буџети родовото одговорно буџетирање го споменува само во член 3 каде меѓу 11те буџетски принципи го регулира и принципот на родова еднаквост подразбира родово одговорно буџетирање, односно запазување на родовата еднаквост во планирањето и извршувањето на буџетските приливи и одливи. ЦИКП и Мрежата на организации кои вршат родов надзор врз буџетот го оценува ова за недоволно и ги доставува следните коментари на Законот за буџети.

Прикачен документ на коментарот 63_Коментари_на_предлог_Закон_за_буџети333716423.docx
<< < 1 2 3 > >>