Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за судска служба

Министерство за правда
25.12.2014
Закон
Затворен
Зацврстување на системот на контрола и времено или трајно одземање на службеното оружје кое го должат службените лица, во случај кога против истите се води постапка за било каков вид на насилство, односно постојат околности дека службеното лице истото тоа оружје може да го злоупотреби.
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

26.12.2014 Дона Костуранова

Предлог – Законот треба да биде повлечен, од долунаведените причини.
1. Не е јасен проблемот кој треба да се реши со воведување на државниот испит
Во проценката за влијание на регулативата, единствено е наведено „Целта на предлог законот е да се обезбеди зголемуваење на квалитетот на високото образование.“. Отсуствува било какво дополнително дефинирање на проблемот, анализа или стручни наоди со кои се потврдува проблемот и се лоцира оваа мерка како мерка која ќе има влијание за решавање на проблемот.
Недостасуваат истражувања и анализи за потребата и оправданоста на оваа мерка и поврзување на ефектот од државен испит кон „зголемување на квалитетот на високото образование“.
2. Не се вклучени засегнатите страни во изборот на решението
Во процесот на донесување на една јавна политика вклучително и во лоцирање проблеми и избор на соодветно решение, неопходно е да се консултираат засегнатите страни во високото образование. Поконкретно, според Стандардите и упатствата за осигурување на квалитет во рамки на Европската високообразовна област (понатаму Стандардите), на кои Законот за високо образование упатува во член 69, јасно е наведено дека “приоритетите и целите треба да се утврдат пред да се осмисли процесот на надворешно осигурување на квалитет, од страна на надлежните институции вклучувајќи ги и високообразовните институции ...”(ЕСГ).
Но на најавеното решение според проценката за влијание на регулативата консултирани се самоЧ „Државен просветен инспекторат, правното или физичкото лице во воспитно образовните установи, високообразовните установи и во научните установи“ (никаде подолу во текстот не се наведени ставовите на овие засегнати страни за кои пишува дека се консултирани, ниту пак е наведено за кои точно установи станува збор). И според активностите, отсуствува консултација со јавноста и академската заедница, и не се земени предвид барањата на студентите преку Студентскиот пленум или пак одлуките на факултетите.
3. Постои недостаток на стратешко планирање во високото образование
Проблематично е што предлог решенијата не се прозивод на стратешко планирање и продожува развојот на образованието во Македонија е што се базира на адхок реформски зафати, а не на долгорочно стратешко планирање. Од 2000та година до денес, 12 пати се интервенира во законското решение, а реформата “државен испит” не е предвидена во Националната програма за развој на образование. Ваквиот пристап создава несигурна средина која пречи на стратешкиот развој на високото образование. Само за илустрација, во надворешната евалуација на УКИМ од 2011 година, спроведена од Институционалната евалуација за програми (ИЕП) при Европската универзитетска асоцијација (EУА) нотирано е дека УКИМ се откажува од идејата за усвојување на стратешки план за работа до 2018, поради честата промена на законската рамка и постоење на атмосфера на неизвесност и несигурност .
4. Со овој предлог закон се повредува уставно загарантираната автономија на Универзитетот
Во членот 46 од Уставот се гарантира автономија на Универзитетот, што би значело дека Универзитетите во Македонија самостојно одлучуваат за уредување на внатрешните односи и процеси. Според Болоњската декларација, инкорпорирана во Законот за високо образование и Националната програма за развој на образованието во Р.Македонија, Универзитетите уживаат автономија на две нивоаЧ институционална и академска, со кои се гарантира слободата на уредување на структурата, буџетот, начинот на запишување на студентите, содржината и методот на настава итн. Според истото, државата не смее да се вмешува во начинот на кој Универзитетот функционира, штом тој веќе добил дозвола за работа од државниот Одбор за акредитација и евалуација.
Со воведување на државниот испит и негово спроведување од Одборот за акредитација и евалуацаија на високото образование, кој не е дел од организациската структурата на Универзитетот, промена на постапката за избор на членови на Одборот, како и згомените надлежности на министерот во спроведување на испитот се иницира прекршување на Уставните одредби со кои се гарантира автономија на Универзитетот.
5. Единствено студентите се санкционирани доколку се утврди лош квалитет на високото образование, без ефект врз квалитетот на ВО
Не само што студентите се исклучени од процесот на спроведување на надворешната евалуација, туку и санкцијата за лошиот квалитет на образование, ефект кој е сосема спротивен со целите на Болоња. Оваа мерка освен недоволната желба за совладување на материјалот од страна на студентот, не препознава други фактори кои придонесуваат за лош квалитет (несоодветен кадар, несоодветно избрана литература, нејасно поставени цели на предметот, несоодветна инфраструктура, лош финансиски и кадров менаџмент). На овој начин , студентот е единствениот кој го носи товарот за неуспешноста на системот.
6. Не е јасно дали законодавецот констатирал нефункционалност во моменталниот систем за осигурување и оценка на квалитетот на високото образование.
ЗВО го регулира обезбедувањето и оценувањето на квалитетот на образованието преку два процеси: акредитација на образовната институција и евалуација (која опфаќа самоевалуација, надворешна евалуација и оценување на квалитет на академскиот кадар), а со измените на Законот се предвиде и рангирање на високо образовните институции. Секоја високо образовна институција на секои 5 години подложи на наворешна евалуација спроведена од независна институција, на основа на која може да и биде одземена акредитацијата за работа.
Не е јасно дали законодавецот утврдил нефункционалност на моменталниот систем за осигурување и оценка на квалитетот. Доколку е тоа случајот, потребно е образложение во кој сегмент, на што се должи нефункионалноста и зошто не може да се работи на отстранување на констатираниот проблем, туку се воведува нова процедура.
Дополнително, Стандардите, укажуваат дека надворешната евалуација мора да има јасни и прецизни приоритети и цели и истатата да вклучува соодветен и неопходен терет врз институциите, притоа не влијаејќи врз нормалната работа на високообразовните институции.
7. Високообразовните институции ја губат примарната одговорност за осигурување на квалитет
Стандардите, како основен принцип ја афирмираат одговорноста на високо образовните институции за осигурување на квалитет на образованието (EСГ, стр.14). Надворешната евалуација е комплементарна и од истата се бара да ги почитува следниве принципи: почитување на институционалната автономија, вклучување на претставници на студентите и пазарот на труд во процесот, користење на наодите од внатрешната евалуација (ESG, стр. 15). Доколку државниот испит се смета за форма на надворешна евалуација, таа не е во согласност до горенаведените принципи. Студентите во делот на надворешна евалуација, во европска компаративна смисла, секаде се спомнуваат како партнери, а во овој случај студентите комплетно се исклучени од импементацијата на надворешната евалуација.
8. Се воведува неконзистентност во начинот на оценување
Ако се земат во предвид ЗВО, Упатството за критериумите за начинот на обезбедување и оценување на квалитетот на ВОИ и на академскиот кадар во Македонија може да се забележи дека од високо образовните институции се бара да развијат процедури кои ќе вклучат континуирано следење и оцена на напредокот на студентите во текот на семестарот, да развијат методи за оценување кои се во согласност со утврдените очекувани резултати, притоа не се ограничени во методологијата која ќе ја изберат (писмен, усмен испит, практична примена, семинарска работа, проект и сл.). На овој начин се јавува несогласување помеѓу слободата на академскиот кадар да го избере најсоодветниот метод за оценка на знаењето и она што ќе биде наметнат државен метод (унифицирани листи на прашања). На оваа последица укажавме и во делот на екстерно тестирање во основно и средно образование, односно дека не може да се очекуваат исти резултати на различни методи на проверка на знаење.

29.12.2014 Министерство за правда

Во прилог е даден одговорот од Министерството за правда по конкретниот коментар
Прикачен документ на одговор 11_odgovor_na_komentar2085688927.pdf
<< < 1 > >>