Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Предлог на Закон за Судскиот совет на Република Северна Македонија

Министерство за правда
13.06.2024
Закон
Отворен
Во досегашното спроведување на Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија беа лоцирани одредени недостатоци, за чие што надминување од страна на Оценската мисија на Европската Унија беа дадени конкретни предлози. Министерот за правда формираше Работна група за изготвување на Закон за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија согласно дадените препораки од Оценската мисија на Европската Унија. Работната група одржа 23 состаноци на кои беа адресирани релевантните препораки од Оценската мисија
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

Коментирај

12.06.2025 Александра Груевска Дракулевски

ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕДЛОЗИ

од научно-стручна расправа по Предлог Законот за Судски совет на Република Северна Македонија (11.06.2025 година, МАНУ)

На 11 јуни 2025 година, со почеток во 10 часот, во просториите на Македонската академија на науките и уметностите во Скопје, се одржа научно-стручна расправа по Предлог Законот за Судски совет на Република Северна Македонија, организирана од страна на Здружението за кривично право и криминологија на Македонија и Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ.
На расправата учествуваа претставници од Судскиот совет на РСМ, академската заедница, судовите, министерството за правда, Проектот на ЕУ за поддршка на ЕУ за владеење на правото, Блу принт групацијата и др.
Од расправата произлегоа следниве заклучоци и предлози.

Генерален заклучок од расправата е дека текстот на Предлог Законот за Судскиот совет на РСМ е добар и дека при изработка на биле земени предвид препораките на Оценската мисија на ЕУ и предложени се решенија со кои во голем дел се адресирани предизвиците со кои се соочуваше Судскиот совет во изминатиот период. Имајќи предвид дека дел од препораките не може да се имплементираат поради уставните одредби, се оцени дека не треба да се одлага започнување на постапката за измена на Уставот, при што треба да се адресираат следниве аспекти – соодносот на судиите наспроти членовите избрани од Собранието на РСМ, оптимизација на траењето на мандатот, составот на Советот, напуштање на „истакнат правник“ како категорија членови во Советот, да нема членови по функција и сл.

Во текот на расправата беа изнесени и некои конкретни предлози во функција на појаснување на некои од одредбите, како и размена на ставови во однос на алтернативите содржани во Предлог Законот:

- во однос на составот на Судскиот совет се укажа на потребата да се предлагаат универзитетски професори и адвокати кои ќе бидат предлог на Интеруниверзитетската конференција, односно Адвокатската комора, соодветно, по примерот на компаративни решенија во други држави со што ќе се обезбеди потребниот баланс во работата на Советот;

- потребно е во чл. 8 да се размисли за пропишување процедура за кандидирање и начин на избор на претседател на Судски совет;

- чл. 8 ст. 7 да се дополни со цел по предлог на претседателот или член на Советот, на претходно образложение да може да се исклучи јавноста;

- во однос на условите за избор на член на Советот што го избира Собранието (чл. 11-а) да се дополни и во периодот од 4 години пред изборот да не бил член на политичка партија ниту да вршел било каква политичка активност или функција во извршната власт

- потребно е условите за годините искуство на судиите и на професорите да се воедначат, односно дека е прифатливо членови да бидат само редовни професори;

- како дилема се наметна и дали дисциплинската комисија составена од пет члена е соодветно да одлучува и за членовите кои ги бира Собранието;

- одредбата во која се споменува „помалку од 20%“ во однос на членовите од заедниците беше укажано дека е потребно да се користи терминот „припадници на заедница што не е мнозинство“, согласно уставниот амандман

- наместо подеднаква родова застапеност, треба да се користи „соодветна родова застапеност“;

- во одредбата од чл. 11 ст. 1 ал. 2 и во член 89 да се зголеми минимумот бодови за оценка на 160 бода;

- во однос на дилемата дали чл. 11- б или 11-в се предложи да се прифати решението како при избор на ДКСК, но без ранг листи поради разнородна структура на кандидатите;

- да се преиспита решението дека ако некој од кандидатите не дојде на претставување на јавната расправа да се смета дека ја повлекол пријавата, бидејќи неговото отсуство може да се должи на некоја објективна причина, болест и сл., треба да постои можност кога ќе достави соодветен доказ за спреченоста и тоа ќе се оцени како прифатливо и тој да има можност дополнително да се претстави;

- во чл. 32 времено оддалечување да се врши кога ќе биде донесена наредба за спроведување истражна постапка односно поднесен обвинителен предлог;

- основите за поднесување барање за дисциплинска постапка за член на Советот потребно е да се дополнат со нови основи – кога член на ССРСМ учествувал во постапка во која претходно бил изземен; ако претседател на Советот, претседател и член на комисија согласно одредбите на овој закон или судија известител дозволи да се постапува во случај кога постојат основи за отфрлање на барањето за утврдување на одговорност на судија или претседател (застареност, res judicata и сл.), ако и по втор пат не се постапи по напатствијата на Посебниот жалбен совет од ВСРСМ;

- Во однос на Посебниот жалбен совет се укажа на потребата да постои одредба за неговиот состав, но остана дилемата дали тој треба да има постојан мандат (како што тоа го предлагаат од Оценската мисија), бидејќи тој не одлучува мериторно и постојаноста на ова тело со мандат од 3 години може да создаде ризик од концентрација на моќ и необјективност;

- За присутните беше прифатлива Алтернатива 1 на чл. 72 со што ќе се даде позначајна улога на Врховниот суд, а не да се пренагласува улогата на управните судови, а согласно компаративните искуства;

- Решението од чл. 42, а во врска со чл. 98 од Предлог Законот, се предлага да се дополни со посебен став со кој ќе се уреди дека при утврдување на предлогот до Собранието за избор на кандидати на Уставниот суд, Судскиот совет ќе гласа за сите кандидати од листата, при што предлогот ќе се утврди врз основа на тоа кој добил најмногу гласови, но ме помалку од осум;

- Во чл. 46 ст. 4 да се преиспита како да се обезбеди почитување на рокот, во спротивно термините „по правило“ може да се сфатат како да не постои обврска за почитување на рокот од 6 месеци;

- Со цел зајакнување на управното судство, потребно е судија во основен суд и во Управен суд да биде избран од ранг листа од Академијата за судии и обвинители што повлекува и измена во Законот за судовите

- Во чл. 48 ст. 2 т. 6 потребно е да се преформулира: должина на судски стаж, во што се зема предвид и времето за кое на судијата му мирувал работниот однос согласно Законот за судовите;

- Во членот 63 ст. 4 да се дополни со алинеја 4: недозволено

- Предлагаме, во чл. 25 ст. 2 да се дополни дека ако е неуспешен изборот, да постои можност да се оди на втор круг гласање при што да се сметаат изборите за успешни ако излегле најмалку 1/3 од запишаните избирачи за таа изборна единица

- Во членот 100 да се дополни ставот (6) со можност Здружението на судии доколку ги оцени Годишниот извештај како неприфатлив, да му предложи на Судскиот совет да отвори расправа за оцена на работата на членовите на Судски совет од редот на судиите;

- Членот 100 да се дополни со нов став: Доколку Собранието на Република Северна Македонија не го усвои извештајот, Собранието ќе му предложи на Судскиот совет да отвори расправа за оцена на работата на членовите избрани од Собранието;

- Кај критериумите за оценување на судиите треба да се земе предвид карактерот на судските постапки во кои одлучувал судијата;

- Согласно препораките на CEPEJ да се зајакне оној елемент на Методологијата и постапката за оценување кој се однесува на оценувањето сфатено како метод што овозможува согледување на проблемите со кои се соочува судијата (ресурси, поротници, соработници и сл.)

- Се констатира дека во Предлог Законот не е адресирана препораката за самостоен буџет на Судскиот совет.

Прикачен документ на коментарот 630_Zaklucoci_za_ENER1762878586.docx

Прикачен документ на коментарот 629_Zaklucoci_za_ENER1556008784.docx

12.06.2025 Македонско здружение на млади правници

Македонско здружение на млади правници во прилог ги доставува своите коментари на предлог законот за судски совт на РСМ.
<< < 1 2 3 > >>