Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
29.04.2021
Закон
Отворен
Бројните недоследности во Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр. 87/2013, 106/2013, 137/2013, 61/2015, 97/2015, 215/2015, 53/2016 и 51/2018), оневозможуваат имплементација на законот во поголем дел, кои проблеми поради нивната обемност неможат да се надминат со изменување или дополнување на постоечкиот закон.
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

25.05.2021 Благица Сековска

2. Последиците исто така можат да бидат еколошки, доколку сопственикот, особено ако е странец одлучи да произведува високо интензивно земјоделство со голема употреба на хемиски сретства кои ќе предизвикаат пораст на загадувањето, или ако реши да произведува ГМО производи, или ако врши интензивна експлоатација и деградација на почвата со производство на монокултури, што во земја како нашата, со високо ниво на корупција и неефикасни инспекциски служби и тоа како ќе биде возможно. А исто така може и да го пренамени земјиштето во градежно или во некаков руден коп(по 10 години, како што предвидува овој закон).
3. Последиците се и социјални, бидејќи со поседување на големи површини на земја, сопственикот може да врши промена на етничката структура на цели региони под превез на обезбедување на работна сила.
4. Државата нема да може да воспоставува контролни механизми за планирање и насочување, што особено може да биде критично при појава на било каква кризна ситуација, но и при воспоставување на мерки од областана аграрната политика.
Ние како мала земја не треба да си го дозволиме луксузот на огромни земјопоседници на штета на сите граѓани. Решението може да биде продажба на земја само на регистрирани земјоделци и тоа само со цел окрупнување на нивното земјиште и тоа на површина не поголема од 20 ха со обврска дека мора барем на 50% од површините да произведуваат производи за хумана или сточна исхрана, да се забрани пренамена на земјоделското земјиште во градежно и тоа да може да биде само на дел од површините по претходна педолошка анализа и тоа само на почви со низок бонитет. Исто така да неможе да се оттуѓуваат парцели поголеми од 50 ха и тоа само во случај кога концесионерот ќе се обврзе да ги почитува агроеколошките мерки кои се на сила во ЕУ.
Но не даваат никакво образложение како ќе го заштитат земјиштето и како ќе го развијат земјоделството преку продажба, а особено какво ќе биде тоа рационално користење??
Загрижува тоа што овој закон се турка некако по секоја цена, без сериозна анализа на последиците или на бенефитот, ако го има. Единствен бенефит кој беше јавно кажан во медиумите е директните финансии кои треба да се слеат во буџетот. Но тоа ќе биде моментален прилив, кој ќе заврши, парите ќе се потрошата и што понатаму (освен што ќе имаме неколку нови феудалци и земјопоседници)?? Земјоделското земјиште е јавно добро и никој не смее да тргува со него без никаков план и цел, освен моментален економски бенефит. Земјоделството не смее да се третира само како извор на финансии и економски бенефит. Тоа има и социјален, многу голем социјален момент. Со него се произведува ХРАНА. Цената на храната на светските берзи од ден во ден расте. Без земја, без храна, нема ни држава.
Освен економскиот бенефит кој е споменат и кој е моментален и еднократен, никој не направил анализа на социјалните реперкусии по локалните рурални заедници. А од друга страна самиот закон изобилува со недоречености и нелогичности. Никаде не е напишано дека предност при купување на земја ќе има локалното земјоделско население, напротив, секаде се потенцира дека правото на сопственост за странските и домашни физички лица и/или претпријатија ќе биде регулирано од желбите за реализација на стратешки ??!! проекти на Владата.
ЗАКОНОТ Е ШТЕТЕН И НЕ СМЕЕ ДА СЕ ДОНЕСЕ ПО НИТУ ЕДНА ЦЕНА.

25.05.2021 Благица Сековска

Земјоделското земјиште не смее да се продава. Грабање на земја или ланд граббинг е искуство што го искусија и земјите од бившиот источниот блок што влегоа во ЕУ, особено Романија. Да учиме од нивните негативни искуства.
Земјоделството, а со самото тоа и земјоделското земјиште како основа за развој на земјоделство е значаен природен, но и СТРАТЕШКИ ресурс на секоја земја од неколку причиниЧ
1. Тоа пред се значи производство на храна. Ако една земја има свое производство на храна тоа значи и одредена контрола врз стандардот на населението. Кога во една земја имаме многу мали фармери тоа значи развиен пазар врз основа на понуда и побарувачка и цените се формираат врз основа на таа нормална понуда и побарувачка односно со природни пазарни законитости. До колку големи инвеститори, а особено странски инвеститори поседуваат голем процент од земјоделското земјиште тоа може да доведе до создавање на големи монополи за производство на храна вон контрола на државата, а со самото тоа пореметување на пазарниот механизам и неконтролиран раст на цените на храна, а со самото тоа пад на стандардот на населението. Сопственикот може да го извезува целото производство, или може да произведува индустриски непрехрамбени култури, или може да ја рента земјата на локалните фармери по многу повисоки цени што исто ќе поведе до пад на стандардот.Ова исто така ќе има дополнителни импликации врз буџетот, бидејќи сите мерки што владата ќе ги аплицира во вид на субвенции за земјоделците ќе одат кај една корпорација која ќе има најголем дел од тој државен колач на мерки за поддршка на земјоделството и спиралата на осиромашување на малите земјоделци, како и на граѓаните ќе оди во недоглед, кога со наши пари, буџетски пари ќе одгледуваме монструм и/или монструми што преку контрола на цените дополнително ќе го тенчат џебот на граѓаните преку многу поскапа потрошувачка кошничка.

24.05.2021 Благојa Лазaревски

Земјоделското земјиште е ОГРАНИЧЕН природен, но и СТРАТЕШКИ ресурс од ОПШТ интерес. Власта треба да се повлече и да се откаже од идејата за продажба на државното земјиште. Ако некој сака да земе државна земја и да ја обработува тоа може да се реши со концесија. Не мора земјата да му се продаде.
<< < 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 ... > >>