Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

10 НАЈНОВИ КОМЕНТАРИ

18.07.2025

Предлог на Закон за рударство (*)


05.08.2025

Илија Прентовски

Се спомнуваат некакви концесии за експлоатација на природни богатства, па во врска со тоа сакам да ви обрнам внимание на следното.

Владата планира отворање рудници што не ги сака никој од луѓето што живеат таму, туку ги сакаат единствено оние што не живеат таму, а ќе имаат финансиска корист од нив.

Ниту владата ниту министрите се сопственици на земјата каде што се планира отворање рудници. Никој од вас не поседува имотен лист за таа земја, и нема право да издава концесии или да наплаќа рента. Доколку некој се дрзне да го направи тоа против волјата на луѓето што живеат на земјата, врши кривично дело самовластие и злоупотреба на службена положба и овластување.

Ако веќе се повикуваме на закон, имајте предвид дека постои Кривичен закон, а во него два клучни члена кои се однесуваат токму на горенаведеното:

Член 353

(1) Службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, со пречекорување на границите на своето службено овластување или со неизвршување на својата службена должност ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години.
(2) Ако сторителот на делото од став 1 ќе прибави поголема имотна корист или ќе предизвика поголема имотна штета или потешко ќе ги повреди правата на друг, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
(3) Ако сторителот на делото од став 1 прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета, сторителот ќе се казни со затвор најмалку три години.

Член 392

(1) Тој што самовласно прибавува некое свое право или право што смета дека му припаѓа, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци.
(2) Тој што самовласно прибавува некое свое право или право што смета дека му припаѓа, со употреба на сила или со сериозна закана дека ќе нападне на животот или телото, ќе се казни со парична казна или со затвор од шест месеци до три години.

Повеќе
07.03.2025

Предлог на Закон за вештачење


03.08.2025

Лепосава Китановска

Почитувани,
Во однос на новиот предлог закон коментар коментар и забелешки во додадениот документ потпишан од повеќе вешти лица.
Важно е да се напомене дека процедурата за стекнување со трајни лиценци поради не јасно информиран процедура направи дополнителен трошок и отежнување на работа кај повеќе вешти лица со искуство од повеќе од 20 години во фелата, не поимливо е да преполагаат за лиценца лица кои веќе го положиле исшитот и работат во дејноста повеќе години.
И во овој предлог закон не е вметната промена на тарифник кој не овозможува основни услови за професионално бавење со вештачење.

Прикачен документ на коментарот 638_od_vesti_lica2006824439.pdf

Повеќе
07.03.2025

Предлог на Закон за вештачење


03.08.2025

Дарко Китановски

Почитувани,
Во прилог на коментарот додаден е по обемен коментар со забелешки по однос на новиот предлог закон како иницијатива од повеќе Вешти лица.
Покрај овие забелешки ВАЖНО е да се регулира односно зголеми тарифникот за Вештачење, истиот е од 2014 година. За Нас трговските друштвата е веќе не издржливо финансиски да се опстои и да се даде квалитетна услуга со овие тарифи за Вештачења.

Повеќе
07.03.2025

Предлог на Закон за вештачење


02.08.2025

Оливера Клин

Почитувани,

Во прилог практични коментари за одредени членови од Законот.



Прикачен документ на коментарот 636_Пропис_ЕНЕР_02.08.20252069290139.docx

Повеќе
07.03.2025

Предлог на Закон за вештачење


02.08.2025

ѓоре Димовскиџџз

POcituvani

Повеќе
07.03.2025

Предлог на Закон за вештачење


01.08.2025

Стојан Димов

Почитувани,
Како дел од иницијативата за промена на Законот за вештачење поднесена од најмалку 30 вешти лица, би сакал лично да искоментирам во однос на издавање на трајни лиценци.
Сметам дека вештите лица кои не поднеле барање за издавање на лиценца за вештачење во предвидениот рок од една година од денот на влегување во сила на овој закон, а имаат важечки лиценци или лиценци кои што во меѓувреме им е истечен рокот и уредно 30 дена пред истекот на рокот е поднесено барање да се обноват,сметам дека треба само да се заменат со други лиценци од причина што испитот еднаш е веќе положен, од соодветната област за кое лицето е стручно, и врз основа на тој испит е добиена валидна лиценца.

Исто така сметам дека се ставени во нерамноправна положба лицата кои лиценцата за вешто лице ја стекнале со полагање на испит за добивање на истата во однос на вештаците што истата ја стекнале по основ на завршена магистратура. Вештаците кои лиценцата ја стекнале со завршена магистратура, по истекот на временскиот период на истата имаат две опции, или да ја продолжат истата, или едноставно да си извадат нова без никакви стресови и малтретирања. Како да нивното стекнато знаење со магистрирањето е вечно, а на тие што лиценцата ја стекнале со полагање на испит знаењето им изветреало па сега без оглед колку вештачења има направено во претходните пет години, ќе мора повторно да полага. Тие во тој поглед се дискриминирани.

Исто во врска со супер вештачењето (па и за вештачењето) би кажал дека би требало да се овозможи истите да се вршат и со договор на дело, од причина што едно лице не може да опстане само со приходи од вештачење, така да истите лица во поголем број на случаи се и книговодители и вешти лица. Така од двете дејности некако обезбедуваат средства за покривање на трошоците. Во тој контекст сметам дека и членарината на вештите лица е превисока, особено за вештаците од внатрешноста и истата треба да изнесува 3.000,00 ден. до 4.000,00 денари годишно.

Со почит,

Повеќе
07.03.2025

Предлог на Закон за вештачење


01.08.2025

Елизабета Лазаревска

Максималниот број на карактери што може да се внесат во ова поле е 8000. Се препорачува коментарите да се даваат во ова поле заради подобра следливост. Доколку сакате да дадете пообемни коментари тогаш прикачете документ во кој ќе бидат содржани истите.
Секое вешто лице кое претходно има добиено уверение за положен испит за вештаци, односно предходно го положил испитот за вештаци, доволно е само да посетува почетна обука за вештаци организирана од страна на комората за вештаци. Откако ќе добие уверение за завршена обука за кандидат за вештак во траење од 60 часови, заедно со уверението за положен испит за вештаци добиено пред стапување на овој закон со претходна документација да поднесе барање за добивање на лиценца за вештачење до министерството за правда и бидејќи еднаш веќе му е положен испитот за вештаци, автоматски да добие лиценца за вештачење. Лиценцата за вештак треба да биде лична и неповрзана со фирма исто како и сите други стручни лиценци како на доктори, итн,

Повеќе
07.03.2025

Предлог на Закон за вештачење


01.08.2025

Ивана Јевтиќ

Почитувани,

Во прилог прикачувам детални коментари во ворд формат дадени од Одделението за интелектуалната сопственост при Комората на вештаци на РСМ.

Со почит,
Прикачен документ на коментарот 635_Коментари_на_законот_за_вештачење308326893.docx

Повеќе
07.03.2025

Предлог на Закон за вештачење


01.08.2025

Иван Миловановиќ

Почитувани,
Во поглед на новиот закон за вештачење би сакал да доставам коментар во однос на трајните лиценци односно мислење кое што го споделуваат поголем број на вешти лица со големо искуство.За што во прилог Ви доставувам иницијатива/поднесок со предлог за измени на законот за вештачење од најмалку 30 вешти лица.

Со овој поднесок доставуваме барање за преформулирање на член 67 од Законот за вештачење(Службен весник на РСМ број 154/23) со следното образложение .Вештите лица кои не поднеле барање за издавање на лиценца за вештачење во предвидениот рок од една година од денот на влегување во сила на овој закон, а имаат важечки лиценци или лиценци кои што во меѓувреме им е истечен рокот и уредно 30 дена пред истекот на рокот е поднесено барање да се обноват,сме на мислење дека треба само да се заменат со други трајни лиценци како што тоа е случај со сите издадени документи и други важечки формулари кои неможе да престанат да важат еднаш донесени од надлежни органи и институции.На мислење сме дека направен е превид при формулирање на овој член од законот, па затоа го доставуваме овој предлог од најмалку 30 и повеќе вешти лица.

Подолу даваме формулација на членот 67.

Член 67 во Законот
Лиценците за вештачење издадени пред денот на влегувањето во сила на овој закон продолжуваат да важат, за што вештаците во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон се должни да достават барање до Министерството за правда за издавање лиценца за вештачење во согласност со одредбите од овој закон.

Член 67 Предлог изменет член
Лиценците за вештачење издадени пред денот на влегувањето во сила на овој закон продолжуваат да важат, за што вештаците се должни да достават барање до Министерството за правда за издавање лиценца за вештачење во согласност со одредбите од овој закон.

Што се однесува до супер вештачење доволно е да стои :
Може да врши правно лице кое е регистрирано за вештачење и слободоно да ангажира три вешти лица со лиценца со договор на дело.Ова од причина што од сите области осем материјално сметководствената , примарна дејност им е сосема друга, а секундарна вештачењето.Па и во ред е бидејки сите области се со различен интензитет за вештачење па скоро и да неможе да се обезебедат материјални средства за плата за едно вработено лице имајки ги во предвид си останатаи издатоци и трошоци на правното лице.
Воедно напоменуваме дека забелешки и мислења по однос на измени на Законот за вештачење треба да се побараат на транспарентен начин од фелата а преку Комората за вештачење за да се достават мислења и предлози по однос на измените на Законот за вештачење и само така со успешна соработка на сите страни ќе функционираат сите засегнати органи и членови од фелата а посебно Комората која треба да ги штити нашите интереси бидејки сите ние ја финансираме а таа постои за нас и од нас вештаците.

Со почит,

Прикачен документ на коментарот 634_Поднесок_од_вешти_лица1871931740.pdf

Повеќе
07.03.2025

Предлог на Закон за вештачење


30.07.2025

Милица Шутова

Максималниот број на карактери што може да се внесат во ова поле е 8000. Се препорачува коментарите да се даваат во ова поле заради подобра следливост. Доколку сакате да дадете пообемни коментари тогаш прикачете документ во кој ќе бидат содржани истите.

Повеќе