Заради одржување на јавна расправа, Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини ги известува засегнатите страни дека Предлог на Закон за обновливи извори на енергија се става на јавен увид.
Јавниот увид во Предлог на Закон за обновливи извори на енергија може да се изврши на следната електронска адреса: www.economy.gov.mk eener.gov.mk или во просториите на Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини почнувајќи од 21.12.2023 заклучно со 05.01.2024.
Јавната расправа за Предлог на Закон за обновливи извори на енергија ќе се одржи на 10.01.2024, за што навремено ќе биде објавена покана до засегнатите страни за учество во јавна расправа.
Благодарност за соработката