Заради одржување на јавна расправа, Министерство за животна средина и просторно планирање ги известува засегнатите страни дека Нацрт - Закон за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата се става на јавен увид.
Јавниот увид во Нацрт - Закон за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата може да се изврши на следната електронска адреса: www.moepp.gov.mk, ener.gov.mk или во просториите на Министерство за животна средина и просторно планирање почнувајќи од 08.08.2023 заклучно со 31.08.2023.
Јавната расправа за Нацрт - Закон за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата ќе се одржи на 14.09.2023, за што навремено ќе биде објавена покана до засегнатите страни за учество во јавна расправа.
Благодарност за соработката