Согласно член 14 од Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики („Службен весник на РМ“ бр.99/11), Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија ги повикува граѓанските организации активно да придонесат во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2023 година.
Предлозите за политики треба да се однесуваат на конкретни законски одредби и да се во функција на остварување на стратешките приоритети и приоритетните цели на Владата на Република Северна Македонија за 2023 година, кои може да се видат тука.
Вашите предлози треба да бидат внесени во Образецот што треба да го доставите по електронски пат на адреса: nvosorabotka@gs.gov.mk до 15.9.2022 година, со назнака Иницијатива за ГПВРСМ 2023.
Прикачен документ на веста Obrazec na inicijativa za GPVRSM 2023 za GO.docx