Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ве поканува на Јавна расправа за ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА ШУМИТЕ (*) на 15.10.2025 во 11:00 часот во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на ул.Ленинова бр.2 Скопје.
Целта на овој настан е доставување на забелешки за ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА ШУМИТЕ (*). За таа цел замолуваме да ги доставите своите забелешки, коментари, предлози за предлог законот во писмена форма, најдоцна до 30.09.2025 на следната електронска адреса info@mzsv.gov.mk или да ги презентирате на самиот настан.
Благодарност за соработката