Во Министерството за дигитална трансформација се формираше меѓуресорска група кои ќе работи на изработка на Национална стратегија за сајбер безбедност 2024-2028 со Акциски план. Меѓуресорската работна група е составена од членови од Министерство за дигитална трансформација, Министерство за внатрешни работи, Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, Министерство за одбрана/ АРМ,УГД Воена Академија - Скопје, Агенција за електронски комуникации, Агенција за национална безбедност, Агенција за разузнавање, Дирекција за безбедност на класифицираниинформации, Агенција за заштита на лични податоци, Универзитет ,,Гоце Делчев" – Штип, Оперативно техничка агенција Скопје ОТА, DAI, USAID, UNDP, UKAID.
Националната стратегија за сајбер безбедност 2024 – 2028 на Република Северна Македонија ќе биде стратешки документ, чија цел е, преку дијапазон на активности и мерки, да обезбеди безбедна, отпорна и доверлива дигитална средина, која ќе ја направи Република Северна Македонија безбедно место за онлајн дејствување и работа, со напредни човечки и технички капацитети.
Прикачен документ на веста Временска рамка за подготвување на Национална стратегија за сајбер безбедност 2024.docx