Најава Најава
Потребно е да се согласите со правилата и условите за користење на ЕНЕР

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата:https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството .

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

ПРОПИС: Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
20.10.2022
Закон
Отворен
Со Законот за земјоделското земјиште (“Службен весник на Република Македонија” бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13, 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16, 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ 161/19 и 178/21), се уредува користењето, располагањето, заштитата и пренамената на земјоделското земјиште како добро од општ интерес за Републиката кое ужива посебна заштита.
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

10.11.2022 Мишо Василевски

Член 2, и член 3, член 4, член 5, како и останатите членови од Предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште кои зафаќаат во неприкосновеното право на приватна сопственост и правата кои од неа произлегуваат, да се бришат.
О б р а з л о ж е н и е
Согласно член 30 од Уставот на РМ, „Се гарантира правото на сопственост и правото на наследување. Никому не можат да му бидат одземени или ограничени сопственоста и правата кои произлегуваат од неа, освен кога се работи за јавен интерес утврден со закон. Во случај на експропријација на сопственоста или во случај на ограничување на сопственоста се гарантира праведен надомест кој не може да биде понизок од пазарната вредност“.
Според погоре цитираните одредба на Уставот, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не смее да одзема приватна сопственост од приватни лица и да ја дава во закуп на други приватни лица, притоа тврдејќи дека тоа го прави од причини на „јавен интерес“!? (јавен интерес може да биде единствено изградба на патишта, аеродроми, водоводи, болници, училишта, градинки и слични инфраструктурни објекти кои можат да им користат на сите граѓани на државата, а не само на одредени поединци или групи). Значи, во никој случај не може да се смета за јавен интерес одемање приватна сопственост од едни приватни сопственици, за да им се предаде на користење на други приватни лица, за овие да можат да прават бизнис и на тој начин да стекнуваат имотна корист.
Она што треба да го направи Министерството за земјоделие е веднаш да пристапи кон отуѓување целокупното државно (и земјоделско) земјиште во транспарентна, фер и објективна постапка со јавно надавање (најдобро преку странски консултанти поради недовербата во објективноста на домашните) и да ги остави граѓаните слободно да стопанисуваат и да располагаат со своите приватни недвижни имоти на слободниот пазар во државата.
Се друго претставува нова национализација, експропријација и насилно одземање на земјодеските недвижности од легалните сопственици, што претставува враќање во едни од најтемните времиња на нашето минато.
Она што е најспорно од се, е сознанието на фактот што Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство над називот на Предлог законот (а, ниту ни над називот на основниот текст на Закон за земјоделско земјиште) не го наведува „правниот основ за нивно донесување“, односно не го наведува членот од Уставот кој упатува на донесување на Закон за земјодеско земјиште! Ова значи дека Законот за земјодеско земјите заедно со сите негови досегашни измени и дополнувања „СЕ НЕУСТАВНИ“.
Имено, согласно член 51 од Уставот на РМ (РСМ)Ч „Во Република (Северна) Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.“.
Со оглед на сето погоре наведено, потребно е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство веднаш да ја прекине постапката за донесување на овој Предлог-закон и да ја преиспита уставноста на Законот за земјоделско земјиште.

24.11.2022 Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Согласно член 3 од Законот за земјоделското земјиште, Земјоделското земјиште како добро од општ интерес за Републиката ужива посебна заштита и се користи под услови и на начин утврдени со овој закон, па оттука со предложените одредби се регулира користењето на земјоделското земјиште како добро од општ интерес во случај кога сопствениците не го користат и оневозможуваат истото да биде користено за целта за која е пропишана посебна заштиита, а се со цел таквото земјоделско земјиште да биде искористено за производтсво на храна., за што на соптвениците ќе им биде обезбеден правичен надоместок во форма на закупнина.

09.11.2022 Александар Маџароски

5. Не е предвидено?
Што ќе се случи кога необработено приватно земјоделско земјиште веќе е доделено под закуп, ако сопственикот после неколку години сака да ја продаде или оттуѓи сопственоста над тоа земјоделско земјиште?
<< < 1 2 3 4 5 > >>