Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Предлог на Закон за метрологијата

Министерство за економија
06.07.2022
Закон
Отворен
Спроведувањето на постојниот Закон за метрологијата покажа одредени слабости и неможност да се постигнат основните цели на законите во поглед на дефинирање на консолидиран, унифициран и разбирлив пристап при спроведувањето на метролошкиот надзор. Следејќи ги обврските детерминирани во Спогодбата за стабилизација и асоцијација и иновираното Aqie communitare, а со оглед на тоа дека основниот текст на Законот за метрологија е од 2002 година, се наметна потребата и од структурно надоградување на одредбите на постојниот закон со кој на комплексен и интегриран начин ќе се отсликаат процедурите за вршење на метролошки надзор кои би биле хармонизирано со законодавството на Европската унија.
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

26.07.2022 Филип Јаков

За овој предлог Закон нема направена компаратива со законските решенија од регионот или од европските земји. Веројатно затоа што ваков модел е македнска измислица, имено никаде во регионов, па ни во Европа нема регулатива за институција за метрологија која е на чело во една земја да е правно лице и да е надлежна за инспекциски надзор. Тој факт добро е прикриен во пропратните документи од овој Нацрт Закон.
Истотака нема регулатива во која скоро на самиот почеток да е ставен описот на работните места (овбластувања и одговорности, класификација на работните места во Бирото инт.) наместо да се опишат специфичностите и компетенциите во однос на исполнување на задачите на Бирото за
метрологија за пооделните работни места, се дадени општи барања и описи од Законот за административни службеници.
Никаде не е дефинирано кои тела госочинуваат метролошкиот систем во РСМ од Чл.1 , се има впечаток дека тоа е само Бирото за метрологија. А каде се овластените тела, каде се националните еталони, каде и каква е хиерархијата за обезбедување следливост?
Дали чл 84 ќе се применува и кога РСМ ќе влезе во ЕУ кое е спротивно на директивата 214/22/EU која патем е заборавено да се транспонира. Нема некое фајде и да се транспонира новата директива за мерни инструменти, кога како и претходната е со одложена примена и ама баш никој не знае кои делови се во важност од важечкиот Правилник за мерилата. Одтаму сеуште не е јасно по кои прописи Бирото работи во однос на верификацијата на мерилата. ЕУ сеуште не детектирала дека Регистарот на Бирото е нетарифна бариера на слободната трговија, а ова решение во законот треба да се надмине со пристап на и користење на базите на податоци за оцвена на сообразноста на мртилата на ЕУ или да се даде рок за негово укинување.

26.07.2022 Петко Поповски

Со Нацрт Закон за метрологијата, Бирото за метрологије како и досега е правно лице чл. 4 став 2 исто како и Институтот за акредитација и Институтот за стандардизација. Но како такво и како дел од инфраструктурата за квалитет Бирото за метрологија, досега требаше да формира органи на управување со примена на докажаното решение за органите на управување од чл. 10,11,12,13,14 и 15 од Законот за Акредитација (Сл. весник на РМ бр 120/2009), а се со цел елимирање на судир на интереси и јакнење на непристрасноста и самостојноста и спречување на стекнување со Закон на доминантна положба на пазарот на оваа институција како и сообразување со европските практики. Според тоа не е јасно од кои причини во овој Нацрт Закон тоа не е предвидено .
Предложенот Нацрт Закон има одредби кои се спротивни на Законот за заштита на конкуренцијата (,,Службен весник на РМ“ бр.145/2010, бр.136/11, 41/14, 53/16 и 83/18) и Законот за спречување на корупција и судир на интереси (,,Службен весник на РМ“ бр.12/2019) затоа неопходно е мислење од Комисијата за заштита на конкуренцијата и Антикорупциската комисија за овој Нацрт закон. Имено Министерството за економија односно Бирото за метрологија мора да го елиминира судирот на интереси настанати со истовремено вршење на две спротивставени активности верификација/оцена на сообразноста на мерилата и инспекциски надзор над употребата на мерилата (кадија те тужи -кадија те суди). Во ваков случај за надмнување на судирот на интереси Министерството за економија/Бирото за метрологија или ќе ја делегира (со овластување) на економски оператори верификацијата и оцената на сообразноста на мерилата (со што и се елиминира доминантната позиција на Бирито за метрологија на овој пазар, а овде треба да се наглси дека за оваа активност Бирото за метрологија склучува и договори со економските оператори кои и се потенцијален извор на корупција) и ќе врши само инспекциски надзор на спроведување на Законот за метрологија, а приходите на правното лице ќе бидат исклучиво од другите активности освен верификацијата, или пак ќе се измени чл. 94 така да носител на инспекциската активност за спроведување на Законот за метрологија како и досега ќе е органот надлежен за работа на пазарната инсекција или друго тело надвор од Бирото за метрологија. Освен тоа како во чл 93 спротивно на чл 94, истотака за активност на Бирото за метрологија – тестирање на горива, предвидено е инспекциски надзор да врши органот надлежен за работата на пазарната инспекција, што значи дека за различни активности на Бирото за метрологија има различни решенија за инспецискиот надзор, кое законодавецот треба соодветно да го оправда секако без дерогирање на Законот за спречување на корупција и судир на интереси. (иста мерка-два аршина)

25.07.2022 Петко Поповски

<< < 1 > >>