Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Предлог закон за изменување и дополнување на законот за заштита и благосостојба на животните

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
09.03.2022
Закон
Затворен
Со законот се пропишуваат минималните барања за заштита и благосостојба на животни во однос на нивното одгледување, чување, грижа и сместување, заштита на животните при фармско држење, заштита и благосостојба на животните за време на превоз, колењето или убивањето на животни кои се одгледуваат за производство на храна, волна, кожа, крзно и други производи како и заради депопулација и слични операции, како и условите кои треба да ги исполнат кланиците. Потребата од изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните се прави со цел за унапредување на одговорното сопствеништво на домашните миленици, како и спроведување на Стратегијата за заштита и благосостојба на животните за пролонгирање на рокот за отфрлање на основниот кафезен систем систем за држење на кокошки несилки.
Документи за прописот
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

07.04.2022 Јордан Христовски


Почитувани,
Со цел сеопфатно третирање и решавање на проблемот со бездомните на кучиња, Кинолошкиот сојуз на Македонија е на став дека е неопходно да постои јасна законска разлика помеѓу домашни миленици – кучиња без родовник и домашни миленици – чистокрвни расни кучиња со родовник.
Воведувањето на ваков вид терминологија, за која сметаме дека е единствено исправна и правична е од причина што ‘‘чистокрвно расно куче‘‘ претсавува куче кое има родовник, и пртиоа истото е евидентирано, регистрирано во Кинолошкиот сојуз на Македонија, во родовната книга, уредно пријавено во ФЦИ, и кај надлежен матичен ветеринар, што подбразбира дека секое чисткрвно расно куче со родовник поседува здравствена легитимација (пасош), приота е чипирано и податоците за истото се индексирани во системот на АХВ, а со тоа секако се евидентирани и сопствениците на односното расното куче со родовник.
Сите податоци за расните кучиња со родовник и за нивните сопственици се достапни на увид од надлежните институции на нивно барање.
Следствено на горе наведеното образложение, Кинолошкиот сојуз на Македонија во Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните, бара воведување на нов термин, дефиниција со која ќе се направи јасна дистинкција помеѓу кучињата со родовник -расни и сите останати кучиња односно бара во Законот за заштита и благосостојба на животните (“Службен весник на Република Македонија” бр. 149/14, 149/15 и 53/16) во членот 3 став (2) да се додаде следнава дефиницијаЧ
50. ”Куче со родовник е расно куче, кое е претставник на било која од официјално признаените раси во рамките на Светската Кинолошка Федерација (ФЦИ) или признаени само од страна на Кинолошкиот сојуз на Македонија-се однесува само на автохтоните раси од РСМ”
Поднесувач на Предлог - измените на Законот за заштита и благосостојба на животните

Прикачен документ на коментарот 274_Предлог_законот_за_благосостојба_на_животните1515600139.pdf

06.06.2022 Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Почитувани,
Во врска со Вашите забелешки по однос на предлог текстот на Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните, Ве известуваме за следното. Забелешката по однос на вметнување на нова дефиниција „Куче со родовник“ и „Одгледувачница на кучиња со родовник“ во одредбите од текстот на законот се прифаќаат. Соодветно на овие дефиниции ќе се прилагоди и текстот на предлог Законот.

07.04.2022 Јордан Христовски

Почитувани,
Со цел сеопфатно третирање и решавање на проблемот со бездомните на кучиња, Кинолошкиот сојуз на Република Македонија е на став дека е неопходно да постои јасна законска разлика помеѓу домашни миленици – кучиња без родовник и домашни миленици – чистокрвни расни кучиња со родовник.
Воведувањето на ваков вид терминологија, за која сметаме дека е единствено исправна и правична е од причина што ‘‘чистокрвно расно куче‘‘ претсавува куче кое има родовник, и пртиоа истото е евидентирано, регистрирано во Кинолошкиот сојуз на Република Македонија, во родовната книга, уредно пријавено во ФЦИ, и кај надлежен матичен ветеринар, што подбразбира дека секое чисткрвно расно куче со родовник поседува здравствена легитимација (пасош), приота е чипирано и податоците за истото се индексирани во системот на АХВ, а со тоа секако се евидентирани и сопствениците на односното расното куче со родовник.
Сите податоци за расните кучиња со родовник и за нивните сопственици се достапни на увид од надлежните институции на нивно барање.
Следствено на горе наведеното образложение, Кинолошкиот сојуз на Република Македонија во Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните, бара воведување на нов термин, дефиниција со која ќе се направи јасна дистинкција помеѓу кучињата со родовник -расни и сите останати кучиња односно бара во Законот за заштита и благосостојба на животните (“Службен весник на Република Македонија” бр. 149/14, 149/15 и 53/16) во членот 3 став (2) да се додаде следнава дефиницијаЧ
50. ”Куче со родовник е расно куче, кое е претставник на било која од официјално признаените раси во рамките на Светската Кинолошка Федерација (ФЦИ) или признаени само од страна на Кинолошкиот сојуз на Македонија-се однесува само на автохтоните раси од РСМ”

Поднесувач на Предлог - измените на Законот за заштита и благосостојба на животните

Кинолошки сојуз на Македонија-КСМ

Прикачен документ на коментарот 273_Предлог_законот_за_благосостојба_на_животните1740222915.pdf
<< < 1 2 3 4 5 6 7 > >>