Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиските друштва

Министерство за финансии
13.10.2021
Закон
Отворен
Зајакнувањето на пазарната позиција од страна на финансиските друштва во изминатиот период ја наметна потребата од зајакнување на регулаторните барања и стандарди кои треба да ги исполнуваат финансиките друштва. Со зголемувањето на бројот на финансиските друштва значително се зголеми и бројот на корисници на потрошувачки кредити. Поради ова, се јавува потреба за поголема заштита на граѓаните-корисници на кредит од финансиските друштва. Дополнително, факторингот како финансиска активност која можат да ја вршат финансиските друштва не е детално уредена, а со тоа и недоволно користена како алтернативен извор на финансирање од страна на компаниите. Исто така, потребно е усогласување со соодветните законски решенија поврзани со процесот на дигитализација.
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

24.11.2021 Татјана Давчев

Најпрво, за поздравување е целта на законодавецот за доуредување и зацврстување на прописите од оваа област, посебно предложените промени за зајакнување на корпоративното управување во финансиското друштво и воведувањето на кредитниот одбор и одборот за ризици.

Со член 1 од предлог законот се предлага дека “(1) Одредбите од овој закон не се однесуваат на банките, филијалите на странски банки и штедилниците основани во Република Северна Македонија, освен одредбите од членовите 19-б, 19-в, 19-г, 19-д и 19-ѓ“.
Со член 16 од предлог законот пак се предлага додавање на два нови дела 9-а и 9-б и шест нови наслови и шест нови членови од 19-а до 19-ѓ.

Предложениот член 19-а е предвиден да важи и да се применува единствено за финансиските друштва, а не и за останатите институции кои одобруваат потрошувачки кредити.
Со вака предложениот член, финансиските друштва се ставаат во незавидна позиција во однос на останатите финансиски институции и кредитори кои ќе продолжат да одобруваат потрошувачки кредити во согласност со Законот за заштита на потрошувачите при потрошувачките кредити и подзаконските акти кои произлегуваат од тој закон.

Со предложените членови 19-б до 19-ѓ пак директно се задира и во материја која е регулирана со Законот за облигационите односи, посебно делот од законот за промена на доверител.
Со вака предложените членови ќе се создаде правна несигурност и колизија помеѓу предложените членови 19-б до 19-ѓ и членовите 424 до 433 од Законот за облигационите односи. Ова посебно со оглед на член 1 од предлог законот во кој се вели дека “......на договорите за факторинг се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи, доколку со овој закон не е поинаку предвидено“, а Законот за облигационите односи не го ни употребува поимот факторинг.

Во описот на предлог законот се вели дека потребно е усогласување со соодветните законски решенија поврзани со процесот на дигитализација.
Предлог законот не содржи ниту едно решение поврзано со овој процес. За да се зајакне и довербата и позицијата на финансиските друштва, како и да се заштитат корисниците на кредит и да се зголеми правната сигурност во целиот процес на одобрување потрошувачки кредити, потребно е да се доработи законското решение и во делот дигитализација. Како позитивен пример за овој дел го наведувам Правилникотза начинот на членство во доброволен пензиски фонд (Службен весник бр.212/2021) со кој се воведува процес за дигитално склучување на договор за членство во пензиски фонд.

24.11.2021 Горан Лазаревски

Почитувани,

Ви благодариме на можноста да се вклучиме со коментари на предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиски друштва.

Како Сојуз на микрофинансиски организации, чии основачи и членки се здруженија и фондации од посебно значење се дел од измените кои се однесуваат на нивното работење согласно нивните програми за работа.

Нашиот коментар се однесува на член 5 од Законот за финансиски друштва.

Поточно, во член 1 од Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за финансиски друштва, постојниот став 1 од член 2 се предлага да се раздвои во два става (1) и (2).

Оваа предлог измена не е соодветно евидентирана во став (2) од член 5, односно здруженијата и фондациите не се изземени како што тоа е случај во актуелниот Закон за финансиски друштва.

Затоа предлагаме дополнување на став (2) од член 5, кој би гласел
“Правни и физички лица кои немаат дозвола за основање и работа на финансиско друштво издадена согласно со овој закон, освен субјектите од членот 2 став (1) и (2) на овој закон, не смеат да ги вршат финансиските активности од членот 4 став (1) на овој закон.

Со почит,
Сојуз на микрофинансиски организации
Горан Лазаревски
Извршен директор
Прикачен документ на коментарот 226_MFO_Komentar_za_Zakon_za_finansiski_drustva_ENER_2838326695.pdf

23.11.2021 Милена Перчинкова

Почитувани, во прилог Ви ги доставуваме забелешките на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за финансиските друштва од страна на Македонска банкарска асоцијација.
Со почит,
Македонска банкарска асоцијација

Прикачен документ на коментарот 225_Забелешки_на_Предлог_Законот_за_финансиски_друштва1357016317.pdf
<< < 1 2 > >>