Министерство за труд и социјална политика
16.07.2013
Закон
Затворен
Во Република Македонија прашањата во врска со размена на трудот, правата и обврските на работодавачите, невработените лица, осигурувањето во случај на невработеност се уредени со Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност (” Службен весник на Република Македонија” бр. 37/1997, 25/2000, 101/2000, 50/2001, 25/2003, 37/2004, 4/2005, 50/2006, 29/2007, 102/2008, 161/2008, 50/2010, 88/2010 и 51/2011 ).
Со донесување на Законот за јавните службеници (“Службен весник на Република Македонија” бр. 52/2010, 36/2011 И 24/2012) се уредени прашањата во врска со вработувањето, правата и должностите, одговорноста, оценувањето, престанокот на вработувањето, заштитата и одлучувањето за јавните службеници поради што се наметнува потребата за усогласување на Законот вработувањето и осигурување во случај на невработеност.