Најава Најава
Потребно е да се согласите со правилата и условите за користење на ЕНЕР

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата:https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството .

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

ПРОПИС: Предлог Закон за административни службеници

Министерство за информатичко општество и администрација
12.11.2020
Закон
Отворен
Постојниот Закон за административни службеници воведе доста новини во однос на регулирањето на статусот и постапката за вработување на административните службеници. Законот воспостави нови стандарди во однос на управувањето со човечките ресурси во јавниот сектор. Но по 5 годишна примена на законот на површина излегоа голем број на практични проблеми во имплементацијата, чие надминување е неопходно за доследно да се примени законот и да се постигне целта поради која е донесен. Министерството за информатичко општество и администрација имаше интенција да подготви измени и дополнувања на законот врз основа на практични забелешки од оние кои го применуваат законот, но со оглед на фактот дека од анализите и добиените забелешки произлезе дека треба да се менуваат повеќе од 1/3 од постојните членови се пристапи кон подготовка на целосно нов закон, во кој основата е веќе постојниот Закон за административни службеници.
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

07.10.2021 Јане Мантароски

Забелешка 1.

Согласно член 42 од предлог ЗАС, административниот службеник од ниво Г МОЖЕ да биде унапреден во работно место на ниво В4, без објавување на интерн оглас по исполнување на условите наведени во став (1) од истиот член. Потоа согласно член 70 став (1) од предлог ЗАС се наведува дека компоненти на платата се Ч минимална плата, дел на плата за ниво и дел на плата за стаж. Со измените на ЗАС објавени во „ Службен весник на РСМ* бр. 14/2020, конкретно со член 8 на поношно стручните административни службеници кои до денот на вегување на сила на предметниот закон се стекнале со стручни квалификации за повисоко ниво на работно место, може да поднесат барање за обесбедување на соодветниот степен на образование на основната компонента на плата-дел на плата за степен на образование. Имајќи го во предвид наведеното право голем дел административни службеници имаат поднесено барање и соодветно го имаат остварено ова право.
Со оглед на тоа што е утврдено во член 42 од Предлог ЗАС, потоа со оглед на фактот што согласно член 70 став (1) делот за плата за степен на образование е заменет со минимална плата, дали ова занчи дека сите колеги кои го остварија ова право ќе го изгубат? Доколку со новиот закон би го изгубиле тоа стекнато право во новиот закон мора прецизно да се предвиде што со тие лица, затоа што член 42 од предлог законот е наведено МОЖЕ да биде унапреден, но и не мора, или во преодни и зарши одредби да се утврди овие лица да добиајт унапредување по автоматизам или слично.

Забелешка 2
Согласно член 70 став (1) од Предлог ЗАС, основната плата ја сочинуваат Ч
Минимална плата, дел на плата за ниво и дел на плата за стаж. Согласно став ( 4) од истиот член вредноста на бодот за пресметка на плата за делот на плата за ниво ја определува Владата на РСМ на предлог на Министерство за финансии. Во овој случај со оглед на тоа што постојано се најавува зголемување на минималната плата, и минималната плата оди во нагорна линија, со став (4) од ЗАС се остава можност Владата да манипулира со бодот, односно неговата вредност да биде обратнопропорционална во однос на вредноста на минимлната плата, со цел Владата да ја задржи платата на определено ниво т.е. да се не се почустввуа растот на минималната плата во платата на државните службеници, поради наведенот добро би било бодот да се замрзни на минимална вредност.

Други забелешки во документ
Прикачен документ на коментарот 222_zabele[ki1463939931.docx

07.10.2021 Даринка Којзаклиева

Ги давам следните забелешки и коментари на предложениот Закон за административни службеници
1. Во член 2 став (2) предлагам по зборовите ”стручното усовршување” да се додадат зборовите “и други прашања од работен однос”, а по зборовите “посебен закон” да се додадат зборовите “и колективен договор”.
или втора опција е член 2 став (2) да гласи
“(2) По исклучок од став (1) на овој член определени прашања во врска со работниот однос на посебниот вид на административни службеници, во целост или делумно можат да бидат уредени созакон и колективен договор, на начин различен од овој закон.”

2. Не е јасно дали член 68 став (1) се однесува и на посебниот вид на административни службеници. Од таа причина, предлагам во ставот (1) по зборовите “Административниот службеник” да се додадат зборовите “и посебниот вид административни службеници”

07.10.2021 Биљана Јовановска

Во член 39 став 2 група II - работни места на овластени службени лица да бидат опфатени и внатрешните ревизори
Образложение: Во член 35 и 36 од постојниот Закон за јавна внатрешна финансиска контрола во условите кои треба да ги исполнува раководителот на Единицата за внатрешна ревизија предвидено е дека за раководител на единицата за внатрешна ревизија може да се назначи овластен внатрешен ревизор, односно лице кое поминало обука и положило испит за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор според Програма за полагање на испит за овластен внатрешен ревизор или кое поседува меѓународно признат ревизорски сертификат.
Во новиот Предлог Закон за системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор, кој е во постапка за донесување, истото е предвидено, покрај за раководителот на единицата за внатрешна ревизија и за внатрешните ревизори. Имено, сите овие вработени треба да поседуваат уверение за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор. Понатаму, за внатрешен ревизор може да биде назначено и лице кое не поседува такво уверението, но во рок од 3 месеци по неговото назначување треба да поднесе барање за добивање на уверението до Министерството за финансии и мора да ги исполни условите за добивање на уверението во рок од 2 години од почетокот на обуката во која ќе биде вклучено.
<< < 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 ... > >>