Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за филмската дејност

Министерство за култура
01.10.2019
Закон
Отворен
Со Законoт за филмската дејност донесен во 2013 година се уредуваат клучните прашања за начинот, условите и постапката за финансирање и вршење на филмската дејност. Во Законот се содржани и одредби за поттикнување на реализирањето на филмски продукции со средства кои се обезбедени од други извори на финансирање. Имајќи го во предвид досегашното искуство во работата и функционирањето на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, странските компаративни искуства, како и предлозите за изменување на Законот, доставени од филмските професионалци, се утврди потребата од изменување на Законот за филмската дејност. Со измените на Законот, ќе се воведат построги критериуми за поддршка на филмски проекти, со што ќе се овозможи поквалитетна селекција и поддршка на најдобрите проекти. Исто така, со измените ќе се изврши подобрување и на одредбите за раководење и управување со Агенцијата, одредбите за финансирање на проекти од национален интерес за филмската дејност и на одредбите за поттикнување на вложување на средства во филмски односно телевизиски проект.
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

05.01.2020 Дејан Јорданов

Почитувани,

Во Прилог Ви ги доставуваме Забелешките и предлозите на Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за филмската дејност.

Со почит Дејан Јорданов
Стопанска интересна заедница на оператори на кабелска мрежа
МК НЕТ Скопје
Прикачен документ на коментарот 12_Допис_до_Министерство_за_Култура1355337530.pdf

02.01.2020 Дејан Јорданов

Почитувани,

Во Прилог Ви го доставуваме Мислењето и предлози на Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за филмската дејност.

Со почит Дејан Јорданов
Стопанска интересна заедница на оператори на кабелска мрежа
МК НЕТ - Скопје
Прикачен документ на коментарот 11_Допис_до_Министерство_за_Култура13286340.pdf

25.12.2019 Лидија Голубова

Во својство на адвокат на кабелски оператори, во повеќе наврати од донесувањето на законот сме пишувале иницијативи и предлози за негово менување и адаптирање на реалните услови на ова наше општетсво, па со оглед дека сега се предлагаат измени и дополнувања на истиот, накратко ќе ги образложиме нашите согледувања и размислувања. Факт е дека ваков начин на финансирање на Агенцијата за филм не сретнавме во ниту едно друго законско решение во земјите – членки на ЕУ. Најчесто, агенциите за филм се финансираат од националните буџети, од донации и од разни проекти, но никако не од национални приватни субјекти во вид на законски надоместоци.
Исто така факт е дека според постојното законско решение Агенцијата за филм се финансира од домашни оператри кои дистрибуираат интернет до крајни корисници, но не и од домашни опретаори или правни субјекти кои дистрибуираат електрична енергија, стоки и др. Нејасно е зошто токму операторите кои дистрибуираат интернет треба да ја финансираат Агенцијата за филм, кога тие се иматели кабелски мрежи преку кои се дистрибуираат интернет содржините, но не се иматели и сопсственици на самите содржини или пак сопственици на интернет страници каде се прикажуваат филмови и филмски содржини. Факт е дека оператприте на јавни електронски комуникациски мрежи се исто така иматели а мрежи (кабли) преку кои се пренесуваат само телевизиските програмски содржини (ТВ канали), а не се сопственици на телевизии, па оттаму немаат никакова поврзаност со филмовите и филмските содржини. Исто како и спортските обложувалници кои првично беа обврзани да го плаќаат истиот адоместок, па подоцна Уставниот суд ја укина ваквата одредба како неуставна. Со оглед дека ваквите надоместоци се неуставни, а и како такви не се сречаваат во европското законодавство, начиот предлог е да се избрше алинеја 4 на член 11 став 2 каде се утврдува дека Агенцијата се финансира и од надоместоци од правни лица, а кое бришење ќе предизвика и бришење на целиот член 12 од постојниот закон.
Доколку не го прифатите горенаведениот предлог, напоменуваме дека е неопходно барем да се замени бројот „1%„ со бројот„ 0,1%„ на член 12 став 1 алинеја 5 која станува алинеја 6 (исто како и за реемитирање на ТВ канали).
Нелогично и неоправдано е да се намалуваат надоместоците на оние субјкети кои барем ако ништо друго, пренесуваат туѓа филмска содржина, а интернет операторите да бидат изземени од ова намалување.

<< < 1 2 > >>