Најава Најава
Потребно е да се согласите со правилата и условите за користење на ЕНЕР

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата:https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството .

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

ПРОПИС: Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за административните службеници

Министерство за информатичко општество и администрација
17.06.2019
Закон
Отворен
Со измените на Законот за административни службеници, се поедноставуваат постапките за вработување и унапредување на административните службеници, постапката за утврдување на дисциплинската и материјална одговорност и се врши корекција на системот за управување со ефектор, со цел надминување на слабостите на постојниот систем.
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

14.11.2019 Административен Службеник

Почитувани,

Треба ПОД ИТНО да се направат измени во делот на потребното работно искуство за вработување на работно место од нивоа Б1 и Б2 - раководни работни места. Имено, како што е во постоечкиот закон за да некое лице се вработи на јавен оглас за наведените нивоа покрај минимум број на години на работно искуство во струката се бара и минимум 2 години работно искуство на РАКОВОДНО работно место во јавен сектор или минимум 3 години работно искуство на раководно
место во јавен сектор. Е сега, јас лично вработен на работно место од ниво В1 - Советник во Агенцијата за храна и ветеринарство, со 14 години работно искуство, со безброј изработени стручни акти и прописи, со интернационални обуки и сертификати од областа на храна и ветеринарство, координатор на неколку национални проекти итн., НЕ МОЖАМ да конкурирам за наведените места затоа што не исполнувам услов - работно искуство на раководно место. Но, затоа пак некој што има завршено технолошки факултет како мене, но работел со години како шеф на бурекџилница (раководно место) и нема ни приближно знаење и искуство како мене од областа на храна и ветеринарство, сепак МОЖЕ да конкурира и да стане раководител на Сектор.
Затоа ова мора итно да се смени и да се промени условот односно да се гледа целокупното искуство и да се вреднува досегашниот придонес што го дал кандидатот во делот на областа за која конкурира на раководното работно место.
Примерот со шеф на бурекџилница го кажав намерно, но не со навредлива намера туку што веќе сум сведок на сличен скоро ист пример како е добиена висока раководна позиција и тоа легално, затоа што законот тоа го дозволил.

04.10.2019 Независни Регулаторни тела

Коментар со забелешки на реформата на јавната администрација - со осврт на статусот на вработените во регулаторните тела во Република Северна Македонија, содржани во Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за вработените во јавниот сектор и Предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници


Прикачен документ на коментарот 391_Komentar_so_zabeleski_na_reformata_na_javnata_admi1430292760.pdf

24.09.2019 Александар Диље

Почитувани,
Законот за Административни службеници претрпе определени подобрувања но на истиот му се неопходни и дополнителни измени особено во делот на глабата плати и надоместоци од плата. Имено со концептот на бруто плата кој се воведе во Република Северна Македонија трошоците за храна и превоз се внесоа во бруто плата од тогаш до денеска не е извршено корекција на платите за овие трошоци. Така во моментот на внесување на овие трошоци во концептот превозот беше вреднуван согласно одлуката за превоз во јавниот градски превоз во Град Скопје и истиот изнесуваше 900,00 денари, денеска истиот изнесува 1500.00 денари. Додека додатокот за хранарината на ниво од потрошувачка корпичка пресметана на месечно ниво по цена на чинење на оброк. Во моментот на внесување во концептот на бруто плата истиот е вреднуван со 2300,00 денари.
Денеска потрошувачката корпичка како и споредување на трошоците со анкетата за потрошувачката на домаќинставта спроведени од Државниот завод за статистика е 32.000,00 денари кога би се спровела пресметка за месец со 22 работни дена за оброк потребно е да се издвојат 6774,00 денари.
Значи дека вкупната потрошувачка изнесува 6774,00+1500,00=8274,00 денари доколку од неа се одземат веќе вкалкулираните 3200,00 денари останува за нивелација 5074,00 денари кои практично изнесуваат од 65 бода.
Исто така и неопходно е да се спроведе нивелирање на разликите помеѓу бодовите помеѓу категориите и нивоата на административни службеници. Разликата од најмалото до најдолемото ниво кај категорија Г е само 60 бода, помеѓу најмалото и најголемото кај категорија В е 80 бода, додека кај категоријата Б истиот е 150 бода. Според тоа разликите несоодвејствуваат согласно овластувањата помеѓу категориите но и внатре во самите нивоа.
За делот на плата за нивото на кое е распореден административниот службеник треба да се вреднува на следниов начин

НИВО БОДОВИ
- А1 - секретар од прво ниво 706
- А2 - секретар од второ ниво 596
- А3 - секретар од трето ниво 506
- Б1- раководен административен службеник од прво ниво 516
- Б2 - раководен административен службеник од второ ниво 496
- Б3 - раководен административен службеник од трето ниво 466
- Б4 - раководен административен службеник од четврто ниво 436
- В1 - стручен административен службеник од прво ниво 361
- В2 - стручен административен службеник од второ ниво 306
- В3 - стручен административен службеник од трето ниво 291
- В4 - стручен административен службеник од четврто ниво 261
- Г1 – помошно -стручен административен службеник од прво ниво 256
- Г2 – помошно -стручен административен службеник од второ ниво 241
- Г3 – помошно -стручен административен службеник од трето ниво 236
- Г4 - помошно-стручен административен службеник од четврто ниво 206

Член 88 треба да се менува и гласи

(1) Вредноста на бодот за пресметување на платите на државните службеници се утврдува секој месец врз основа на однос помеѓу просечната бруто исплатена плата за месецот пред месецот за кој се исплаќа платата и коефициентот 460.
(2) Вредноста на бодот за пресметување на платата на државните службеници во општините, градот Скопје и општините во градот Скопје како и Вредноста на бодот за пресметување на платите на јавните службеници не може да биде повисока од вредноста на бодот од ставот (1) на овој член.

Треба да се додаде нов член 92 б кој треба да гласи

Член 92-б
додаток на плата за дополнителни ангажирања за извршување на работи и работни задачи од повисоко ниво во иста категорија
(1) На административните службеници кои работат на работни задачи определени на работни места од повисоко ниво во рамките на иста категорија имаат право на додаток на плата врз основа на доделени работни задачи од раководниот орган.
(2) Додатокот на платата од ставот (1) на овој член е во висина од разликата на бодовите помеѓу нивото за кое распореден да работи и бодовите на нивото од кое ги обавува работните задачи.


Прикачен документ на коментарот 385_Заакон_за_администрација1081969034.docx
Прикачен документ на коментарот 386_Заакон_за_администрација777326178.docx
<< < 1 2 3 > >>