Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Закон за наставниците и и соработниците во основните и средните училишта

Министерство за образование и наука
17.05.2019
Закон
Отворен
Со овој закон се уредуваат условите за вршење на професијата наставник и стручен соработник во основните и средните училишта во Република Северна Македонија, засновањето на работниот однос, категориите на наставници и стручни соработници, работните задачи, континуираното стручно усовршување (професионален развој), напредувањето во звања (кариерен развој) и одземање на звање.
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

14.03.2020 Јавни Службеници

Член 12 од Законот за наставниците и соработниците во основните и средните училишта во кој е предвидено дека наставниците ги избира директорот на училиштето по предлог на училишниот одбор, е во колизија со Член 60 од Закон за средно образование во кој пак е предвидено дека Изборот на наставници, стручни соработници и воспитувачи по пат на јавен оглас, го врши директорот на јавното училиште по предлог на конкурсна комисија, а за приватните средни училишта органот што го овластил основачот. Самото тоа го прави Член 12 од Законот за наставниците и соработниците во основните и средните училишта ништовен.
Прикачен документ на коментарот 13_Колизија_на_членовите_ос_Законот_за_наставници_и_с601738242.doc

03.07.2019 Катерина Русевска

Опрема и наставни средства во училиштата

За изведување настава по предметот Природни науки или по предметте од природните науки во основните и средните училишта се неопходни специјализи-рани кабинети или лаборатории, каде што ќе се изведуваат експеримети. Со глед на тоа дека моменталната состојба во тој поглед е загрижувачка, неопходно е обезбедување на опремени лаборатории со потребната опрема за изведување на наставата по природни науки, како и обезбедување на нивно континуирано одржување. Обновувањето и одржувањето на студентските лаборатории, исто така, е неопходно да биде континуирано, особено поради тоа што во нив се обучуваат идните наставници.

Наставни планови

При подготовка на наставните планови и програми или нивни реформи, избор на учебици, учебни помагала за наставниците и учениците треба да биде вклчен и наставниот кадар од редот на универзитетските професори кои се занимаваат со обучување на идните наставници, како и поголем број наставници од основните и средните училишта. При тоа особено треба треба да се внимава и на поставување на соодветни рокови за нивна изработка, а не како што беше случај со воведувањето на последните промени/реформи, за кои беа дадени/понудувани неразмно кратки рокови.

Норматив за наставен кадар

Наставниот кадар по општообразовните предмети (за кои постојат акредитирани студии по соодветниот предмет на наставните насоки на Природно-математичкиот и други факултети) за основните и средните училишта треба да биде единствено од редот на дипломираните студенти на наставните насоки на соодветните институти, односно факултети. Станува збор за предметите Математика, Физика, Хемија, Биологија, Музичко образование, Ликовно образование, Англиски јазик, ...
Педагошко-психолошката и методската подготовка на акредитирани високообразовни установи во траење од еден семестар (30 кредити) треба да биде задолжителна како предуслов за вработување наставници по стручни предмети за кои не постојат соодветни студии за наставници (наставни насоки), а не за вработување на наставници по сите предмети во основното и средното образование. Студиите на наставните насоки на соодветните факултети, освен општи методски предмети, вклучуваат и методски предмети во кои се дадени основните принципи на експериментална и друга практична настава специфична за даден предмет, што е особено значајно за природните науки. Поради тоа, доквалификацијата за реализација на настава по даден предмет во основните и средните училишта (во прв ред, општообразовните предмети) треба да се изведува исклучиво на студиите на наставните насоки од соодветната или сродна област.
Предлог – да се прецизира член 4 од нацрт-законот и да се избрише последниот услов за вработување наставници по овие предмети во соодветните наставни програми (како и усогласување со други закони и прописи), односно да се вработуваат наставници кои завршиле наставна насока или доквалификација на соодветни студии – наставна насока. Ова постои во наставните програми по предметот Географија, така треба да биде и за другите предмети.
Во интерес на зголемување на квалитетот на воспитно-образовниот процес во училиштата, како и на професионалните компетенции на наставниците ваквите одредби треба да се применуваат за сите наставници, сегашни и идни (член 72 од нацрт-законот за наставници).
На наставниците треба да им се вреднуваат пови¬ски¬те степени на образование (магистер и доктор на науки), но само доколку тие се од областа на образованието по предметот за кој изведуваат настава.
Предлог – да се дополни член 10 од нацрт-законот за наставниците и соработниците во основните и средните училишта (приоритетЧ 1. м-р или д-р од област образование, 2. завршена наставна насока, 3. успех при студирањето).

Наставниците се обврзани на континуираното стручно усовршување, но треба да имаат поголема можност за сопствен избор на обука.

Меѓународни натпревари / олимпијади

Со оглед на тоа дека МОН ја доделува акредитацијата на здруженија за спроведување натпревари, би требало да се обврзе дека секоја година ќе обезбеди средства со кои ќе го помогне организирањето и спроведувањето на општински, регионални и државни натпревари и таквите средства директно ќе ги уплаќа на сметката на здруженијата, наместо овие средства да ги обезбедуваат самите ученици т.е. нивните родители.
Потребна е консултација со здруженијата кои ги спроведуваат натпреварите, го вршат селектирањето на учениците и кои ги водат тимовите ученици на овие олимпијади, кои, впрочем, многу пати досега ја искажале својата подготвеност да му помогнат на МОН овој образовен аспект да го регулира онака како што е направено во развиените земји и на задоволство и на олимпијците кои достоинствено ќе ја претстават нашата држава, а притоа внимавајќи и на државните интереси.
Најпрвин треба да се регулира финансирањето на учеството на Меѓународните олимпијади. МОН во закон треба да се обврзе дека задолжително ги покрива трошоците за котизација и пат на тимот на ученици кои ќе ја преставуваат државата на Меѓународна олимпијада и на нивните водачи. Кога се учествува на Меѓународна олимпијада не постојат трошоци за храна и сместување како што предвидува предлагачот, туку исклучиво трошоци за котизација, пат и понекогаш визи за одредена држава. Понатаму, бројот на ученици и ментори-водачи е дефиниран со правилниците на секоја олимпијада и треба да се обезбедат средстав за целиот тим (ученици + водачи). Секое здружение треба да има право да аплицира за финансирање на најмалку една олимпијада за ученици од основно и една олимпијада за ученици од средно образование (од областа и од нивото – основно и средно, за кои се акредитирани), кое ќе вклучува и трошоци за подготовка на здруженијата и на самите ученици. Наградите за освоен медал треба да се даваат на учениците кои ги освоиле и на наставниците кои навистина ги подготвувале за олимпијада, а тоа се универзитетските наставници, а не нивните ментори до државен натпревар. Потврда за тоа може да издаде здружението или самите организатори на олимпијадата (сертификат за учество на олимпијада). Зборот „место“ да се замени со “награда/медал“.

<< < 1 2 3 4 5 6 > >>