Министерство за здравство
11.09.2018
Закон
Отворен
Согласно Законот за лековите и медицинските средства („Службен весник на Република Македонија“ број 106/2007, 88/10, 36/11, 53/11, 136/11, 11/12, 147/13, 164/13, 27/14, 43/14, 88/15, 154/15, 228/15, 7/16, 53/16 и 113/18) со Агенцијата за лекови и медицински средства раководи директор на Агенцијата. Условите и постапката за именување, времетраењето на мандатот и овластувањата на директорот се уредени со Законот. Од досегашното искуство во примената на Законот во делот на работата на директорот и функционирањето на Агенцијата се констатира дека, заради непостоење на заменик, во случај на отсуство на директорот, се јавува проблем во ефикасното вршење на работите.