Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции

Министерство за здравство
24.08.2018
Закон
Отворен
Предлог законот за изменување и дополнување на законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции се предлага со цел да се доуредат надлежностите на правните лица во делот на одгледување на канабис за медицински цели и екстракцијата на маслото од сувото растение канабис и да се доуредат надлежностите на институциите одговорни во спроведување на одредбите од законот и доусогласување со новите Европски регулативи
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

25.07.2019 Ивана Митровска

Во продолжение ги доставуваме забелешките и коментарите на ДПТ АНДЕРСОН ЛЕОНАРД ФАРМАЦЕУТИКАЛ ДООЕЛ Скопје на предложениот Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.

Предложените измени се однесуваат на следните промени

· Со членот 43 став 1 алинеја 5 од предложениот Закон, како еден од задолжителните услови за добивање на одобрение за одгледување на канабис предвидено е правното лице да име вработено најмалку петнаесет (15) лица.

Сметаме дека вака предвидениот услов е апстрактно, односно воопштено определен и притоа воопшто не е земен во предвид фактот дека потребниот број на вработени лица е во директна поврзаност со самиот капацитет на правното лице, односно површината (големината) на просторот или земјиштето на кое што ќе се врши одгледувањето на канабис за медицински цели. Оттука, нелогично е да биде превиден ист број на вработени лица за сите правни лица, без оглед на нивниот одгледувачки капацитет. Предвид на наведеното, предлагаме да се изврши градација на потребниот број на вработени лица во зависност од одгледувачкиот капацитет на правните лица, односно во зависност од големината на просторот или земјиштето за планираното одгледување или пак да се задржи постојното законско решение.


· Со членот 44 став 2 алинеја 6 од предложениот Закон е предвидено дека еден ос условите за добивање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели е и обезбедување на банкарска гаранција во висина од 1 (еден) милион евра во денарска противвредност.

Сметаме дека вака предвидената обврска за обезбедување на банкарска гаранција е нејасна, пред се поради фактот што воопшто не е предвидено за што служи истата, односно што се обезбедува со предвидената банкарска гаранција. Ова особено ако се има превид фактот дека во севкупниот процес на одгледување/производство на канабис за медициски цели воопшто не се вклучени трети лица-кооперанти, па оттука можностите за предизвикување на штета на трети лица се сведени на минимум. Од друга страна, севкупниот процес е приватна инвестиција, односно не се предвидени никакви алатки за државна помош и слично, па оттука не постои ниту можност за предизвикување штета на државниот буџет. Покрај претходно наведеното, сметаме и дека висината на истата е превисоко и паушално определена, повторно не водејќи сметка за одгледувачкиот/производствениот капацитет на правните лица. Предвид на изложеното, сметаме дека предвидената обврска е непотребна.

· Со членот 124 став 1 од предложениот Закон предвиден е рок од 6 (шест) месеци за усогласување со новите законски одредби.

Сметаме дека вака предвидениот рок е прекраток за усогласување на работењето на правните лица и предлагаме да биде предвиден рок од минимум 12 месеци, во случај на донесување на предложениот Закон во неизменета форма.

03.10.2018 Елена Стоилковска

Почитувани,
Ние НЈСК Холдинг од Скопје, носители на едно од одобренијата за одгледување на канабис за медицински цели засегнати од предлог Законот за измени и дополнувања на Закон за опојни дроги и психотропни супстанци имаме неколку забелешки кои директно имаат влијание врз натамошната работа на сите компании кои имаат лиценца за одгледување на медицински канабис.
Имено, во истиот предлог предвидено е времетраење на одобрението издадено од Министерството за здравство, но не е предвиден начинот на продолжување на истата. Така на пример, дозволата за производство на лекови се продолжува по соодветна постапка предвидена во законот за лекови.
Во однос на оваа забелешка предлагамеЧ
Продолжување на лиценцата за производство, односно одгледување на канабис за медицински цели издадена од Министерството за Здравство се врши на следниот начин.
Производителот е должен шест месеци пред истекот на дозволата да испрати барање за продолжување на важноста.
Министерството за здравство е должно во рок од три месеци изврши контрола на исполнети услови во континуитет и издаде продолжување на дозволата без барање согласност од Владата на Р.Македонија за продолжување, бидејќи истата веќе е издадена.
Ако Министерството за Здравство не постапи според предвидените рокови на производителот му се продолжува одобрението по автоматизам.
Втората забелешка се однесува на не доволно прецизирани надлежности и постапки околу увозот, извозот и прозводството на канабис, суровини од канабис и финални производи од канабис кои надлежности се предвидени да се префрлат од надлежност на агенција за лекови во Министерството за здравство.
Предлагаме да се прецизира начинот на издавање на дозволите, обврските на производителите, обврските на надлежниот орган и се она кое подразбира регулатива од ваков карактер.
Нерегулирањето на овие две суштински забелешки подтикнува можност за корупција на одредени сектори во администрацијата со можност да се направат трајни штети врз компаниите производители.
Третата забелешка е забраната за употреба на листот од канабис на нашите производи.
Ве потсетуваме дека во овој момент само една компанија во РМ е производител а ние сме во сосема крајна фаза на регистрација на финален производ, чекајќи ја Агенцијата за лекови да ни ја одобри истата.
Нашиот заштитен знак и името на новиот производ е веќе меѓународно заштитен.
Со оваа забелешка сакаме да ве потсетиме дека нашата компанија е директна странска инвестиција во РМ.
Со почит НЈСК Холдинг Скопје
Прикачен документ на коментарот 222_Почитувани1701958328.pdf

03.10.2018 Светлана Нечева

Забелешки од страна на Реплек Фарм ДООЕЛ Скопје
Во целиот текст да стои канабис за медицински цели (каде е потребно и да се додаде)
Промена во Член 3 -Значење на поими, точка 31. „Канабис за медицински цели“ да се избрише вклучувајќи го и семето (да се исклучи семето, не содржи ТХЦ ЦБД- се користи за храна

Во делот Б. СТРАТЕГИЈА Член 19 Националната стратегија за дроги на Република Македонија да се додадат 3 нови става :
Владата на Република Македонија, МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ И ОДЛУКА ЗА ПОСЕБНО ФОРМИРАЊЕ НА КАНЦЕЛАРИЈА ЗА КАНАБИС ЗА МЕДИЦИНСКИ ЦЕЛИ, ВО КОЈА КЕ БИДАТ ИНТЕГРИРАНИ СИТЕ Надлежности на Министерството за здравство ОД ЧЛЕН 10 НА ОВАЈ ЗАКОН.
РАБОТАТА НА КАНЦЕЛАРИЈАТА ЗА МЕДИЦИНСКИ КАНАБИС, начинот на формирање, финансирање, управување, надлежности, права и обврски се регулира со посебен акт на Владата во соработка со Министерството за здравство и Меѓуресорската комисија.
КАНЦЕЛАРИЈАТА ЗА МЕДИЦИНСКИ КАНАБИС ја донесува Националната стратегија за канабис за медицински цели, а ја одобрува Владата во соработка со Министерството за здравство и Меѓуресорската комисија.

Во член 20 Акционен план за реализација на Националната стратегија, да се додаде нов став по ставот 1:
КАНЦЕЛАРИЈАТА ЗА МЕДИЦИНСКИ КАНАБИС го донесува Акциониот план за реализација на Националната стратегија за канабис за медицински цели, за период од секои 5 години, а истиот е одобрен од Владата во соработка со Министерството за здравство и Меѓуресорската комисија

Во Член 28 да се додаде став 3: процедурата за уништување и начинот на уништување на канабисот за медицински цели ја пропишува Министерството за здравство, а процедурата за уништување и начинот на уништување на конопот за индустриски цели ја пропишува Министерството за земјоделие.
Во „ Член 29-е после ставот 1 да се додаде: Акредитацијата на лабораторијата од став 1 на овој член ја врши соодветно меѓународно тело за овој тип акредитација. До завршување на нациналната акредитирана лабораторија, производителите во РМ кои имаат ГМП сертифицирана лабораторија за овој тип контрола на квалитет можат контролата на квалитето да ја спроведуваат во своата лабораторија.
Во Член 31 после ставот 1 се додава нов став кој гласи: Дозволата за производство на канабис и производи од канабис за медицински цели односно и нивните препарати е интегрирана Дозвола за производство во согласност со барањата за 1. Добра Агрикултурна пракса како и барањата на 2. Добрата Производна пракса: се состои од два дела.


Во Член 39 Пакување и означување, се додаваат два нови става
Рекламирање на канабис за медицински цели
Производи, препарати, екстракти тинктури од растението канабис за медицински цели, доколку припаѓаат во категорија лекови, односно содржат повисоки концентации на ТХЦ од 0,2% во конечен облик се забранети да се рекламираат во печатени, електронски и други медиуми
За производи, препарати, екстракти тинктури од растението канабис за медицински цели, доколку припаѓаат во категорија лекови, односно содржат повисоки концентации на ТХЦ од 0,2% во конечен облик, не смеат да се користат графички ознаки на растението канабис за медицински цели.

Се брише Член 46-а
„Член 46-а – контрадикторен со Член 39 /треба да стои таму



Прикачен документ на коментарот 221_ЗАБЕЛЕШКИ_НА_Нацрт_Измените_на_ЗОД_ПСХС_03_10_2018717090445.docx
<< < 1 2 > >>