Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Закон за централен регистар на население

Министерство за информатичко општество и администрација
05.04.2018
Закон
Отворен
Одредбите на овој закон се однесуваат на законските надлежности утврдени за органите на државната управа, органите во состав на министерствата, управните организации и самостојните органи при обезбедување на услуги за остварување на правата и обврските од интерес за населението во Република Македонија. Со воспоставувањето на Регистарот се утврдува унифициран и единствен начин на водење на поединечните бази на податоци, врз основа на утврдени стандарди и процедури.
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

20.04.2018 Роза Алексова


Почитувани,

Како надоврзување на одговорот кој го добив од Министерството за труд и социјална политика на мојот коментар на предлог Законот за спречување и заштита од дискриминација, ќе се обидам да дадам уште едно дополнително и аргументирано појаснување - зошто е потребно покрај судска заштита, во законот да се предвиди и заштита преку медијација за одредени спорови во врска со дискриминација.

Се согласувам дека за некои спорови на дискриминација нема простор за медијација, меѓутоа има спорови кои доколку би се решиле со медијација а не во судска постапка, би довеле до исход кој би значел компромис на двете инволвирани страни во спорот. Токму од оваа причина во законот треба да стои можноста за користење медијација за решавање на спорови, покрај судската заштита.

На пример, медијацијата, би можела да биде поволна за решавање на спорови кои произлегле од нечие навредливо однесување.Со преговарање, инволвираните страни во спор, би имале можност да постигнат компромисно решение кое ќе доведе до запирање на навредливото однесување и спречување на навредливото однесување во иднина, со што ќе се овозможи да се избегне секундарна виктимизација.

Исто така, медијацијата е погодна и во други случаи, на пример : кога еден спор произлегува од акт на дискриминација на поединец или група луѓе кои минат доста време заедно (колеги, соседи, роднини, соученици и сл.) кога еден спор произлегува од извршувањето работни задачи на службеник (шалтерски службеник навредува на национална, расна или друга основа странка која се обратила на шалтер за да добие некоја информација или услуга), кога еден спор произлегува од решение за отказ од работа што правното лице го доставува до одреден вработен на национална, расна, родова или друга основа.

Медијаторот е неутралната личност која посредува при решавањето на спорот,па токму поради оваа улога, може да им помогне на страните да разговараат за проблемот, да ги насочи кон осознавање на коренот на спорот и преку тие разговори да им помогне самите да ги согледаат причините за спорот од поинаков агол за полесно да најдат решение.

Во секој случај, доколку помеѓу инволвираните страни во спор, дојде до заемно прифаќање на фактот дека навистина дошло до дискриминаторско однесување (се прифаќа сопствена одговорност, се препознава дека со одредено однесување или акт друго лице е навредено и сл.) медијацијата е подобна за изнаоѓање компромисно решение на спорот. Зошто ? Затоа што доколку лицето кое е навредено објасни на лицето кое го навредило како навистина се чувствува поради наавредата, веќе од соочувањето има степен на остварена морална сатисфакција за навредениот.

Други важни атрибути на медијацијата се брзо решавање на спорот, рамноправна положба на страните во текот на постапката, ниски трошоци, доверливост на постапката и целосно исклучување на јавноста од мониторирање на постапката и крајниот исход.

Во медијацијата , постигнувањето спогодба што одговара на потребите и интересите на страните во спор и е во согласност со Уставот, законите и добрите обичаи, е најдоброто решение за спорот.

20.04.2018 Министерство за информатичко општество и администрација

Почитувана,

Вашиот коментар се однесува на Законот за спречување и заштита од дискриминација. Истиот е даден на Законот за централен регистар на население, што уредува сосема различна област. Оттаму, истиот нема да биде земе предвид како коментар на законот.

Со почит,
Министерство за информатичко општество и администрација
<< < 1 > >>