Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за оружјето

Министерство за внатрешни работи
31.10.2017
Закон
Затворен
Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за оружјето се врши ревидирање на конкретни одредби од Законот за оружјето, техничко-терминолошки прецизирања во определени одредби од законот, надминување на практичните проблеми со кои се соочуваат надлежните служби на Министерството за внатрешни работи, како резултат на неговата досегашна практична имплементација, како и содржинско и нормативно-правно унапредување на предвидените законски решенија во правец на нивна доследна практична примена.
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

07.11.2017 Филип Ивановски Ивановски

Како спортски стрелец и натпреварувач би сакал накратко да укажам на следните потребни промени во законот за оружје потребни за унапредување на стрелаштвото како спорт и зголемување на безбедноста на граѓанитеЧ

Огнено оружје

1. Зголемување на дозволената набавка на парчиња муниција од 200 на 1000 годишно - по калибар кој го поседуваат. Со што би останала обрска да се чува максимум од 200 парчиња во дасен момент како што е и сега но по калибар.
Т.Е. стрелците би можеле да купат повеќе муниција кога ќе ја потрошат старата.
За калибри како 22ЛР кои се користат исклучиво за спорт на активните натпреварувачи може да им се овозможи непрекината континуирана набавка, со лимит за поседување.

Овие одредби би важеле за спортски стрелци кои реално имаат потреба од поголема количина на муниција за натпревар а посебно за тренинг.

2. Олеснување на добивање на спортско оружје од Ц и Б категорија за потреба за спортско стрелаштво со што времето за одговор на барањата за одобрување на набавка ќе се ограничи на 60 дена во самиот Закон за Оружје.
Ова произлегува од фактот дека поради задоцнет одговор на барањата се пропуштаат тренинзи и натпревари.

3. Законска обврска за чување на кратко огнено оружје во домовите - заклучено со посебна брава за окидач или сеф или посебно место заклучено во домот (би важело за сите што поседуваат)

Пневматско

4. Враќање на целовкупното пневматско оружје во Д категорија, поради префрлувањето во Ц категорија каде е потербна дозвола за набавка непотребно се усложнува процедурата за набавка, се губи време потребно за тренинзи и натпревари и се одвраќаат граѓаните од спортот бидејќи каде е потребно да се има оружје кое сега е ставено непотребно во категорија Ц, како и се трошат ресурси и време на врботените во МВР без особена придобивка.

Со овие измени како граѓанин верувам дека законот и спроведувањето на истите ќе бидат поефикасни и за граѓаните кои треба да имаат придобивки од подобра регулатива и за надлежните органи и службеници кои работат на имплементацијата.

16.01.2018 Министерство за внатрешни работи

Одговор во прилог
Прикачен документ на одговор 119_Образложение_по_предлози_од_ЕНЕР_за_Закон_за_оружј87493329.doc

06.11.2017 Игор Лазаровски

Предлози околу измени на Закон за оружје



Од аспект на ловот ги предлагам следните сугестии околу измени на Закон за оружјеЧ


• Ослободување од обука за оспособување за користење на оружје на лица кои се вработени (службено носат оружје) во МВР или АРМ, резервен состав или учествуваат на меѓународни спортски натпревари во стрелаштво и лов.

• Либерализирање на набавка на воздушно и пневматско оружје, односно само регистрирање на набавката во МВР.

• Прецизирање на рокови за одобрување на набавка на оружје, односно МВР по извршена проверка во рок не подолг од 30 дена, доколку е позитивно, да даде согласност на лицата да ги достават потребните потврди (лекарско, неосудуван и др.) Со цел финасиски непотребно да не се оптеретуваат граѓаните.
Да се размисли и некои од потврдите МВР да ги обезбедува по службена должност.

• Вкључување на претставници на Ловечка федерација на Македонија, Спортска стрелачка федерација на Македонија и Стопанска комора во работни тела за изработка на предлог нацрт текст на Закоин за лов.

• Поедноставување на процедурите за одобрување на набавка на боева муниција.
пр. Директно на шалтер на МВР, доколку лицето нема набавено за тековната година да може да добие потврда за набавка.




Доколку е можно околу идните постапки за Закон за оружје да бидете во комуникација со Ловечка федерација на Македонија



контактЧ
ул. Никола Вапцаров бр. 7а , Скопје
лфм_македонија@хотmaил.цom
тел 3161 624

претседател на Ловечка федерација на Македонија
Ванчо Димитриев
072 302 516

Прикачен документ на коментарот 24_Predlozi_okolu_Zakon_za_Oruzje68253022.docx
<< < 1 2 3 4 5 6 > >>