Најава Најава

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата: https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството.

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

Пропис: Закон за основното образование

Министерство за образование и наука
27.10.2017
Закон
Отворен
Целта на Законот за основното образование е да се уреди воспитно-образовниот процес кој се остварува во основните училишта, како и дејноста на основното образование како дел од единствениот воспитно-образовен систем. Дејноста на основното образование е од посебен општествен интерес. Воспитно-образовен процес во смисла на овој закон ја опфаќа наставата и другите облици на организирана работа со учениците.
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

30.04.2018 Илче Ацевски

Забелешки за предлог законот за основно образование од членови на Наставнички Пленум се дадени во прилог, во документот кој е прикачен со овој коментар.

07.05.2018 Министерство за образование и наука

Почитувани, Вашите забелешки ќе бидат внимателно разгледани и земени во предвид при изготвувањето на законот.
Ви благодариме на вашиот придонес.

30.04.2018 Александра Пешевска Митановска

ПРЕДЛОЗИ ЗА КОРЕГИРАЊЕ ВО
ЗАКОНОТ ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ
Предлозите се дадени од националните обучувачи за Инклузивно образованиеЧ
• Вангелина Мојаноска, ООУ Лазо Ангеловски
• Душанка Панкова, ООУ Лазо Ангеловски
• Елизабета Петровиќ, ООУ Ѓорѓија Пулевски
• Александра Пешевска Митановска, ООУ Љубен Лапе
• Милка Ивановска, ООУ Димо Хаџи Димов
• Розалија Бошковска, ООУ Дане Крапчев

Наставен час
Член 48
(1) Наставниот час трае 40 минути.
(2) Наставниот час за учениците со посебни образовни потреби може да трае пократко од наставниот час од ставот (1) на овој член, доколку тоа е утврдено со наставниот план и програмите. ПредлогЧ доколку е испланирано во ИОП, затоа што секое дете е многу специфично.
Член 51
(11) Бројот на учениците со посебни образовни потреби во паралелка го утврдува министерот, при што во општинските училишта не може да има повеќе од два ученика со посебни образовни потреби во едно одделение. Предлог: паралелка.

Асистент во наставата за ученици со посебни образовни потреби
Член 55
На ученикот со посебни образовни потреби во текот на следењето на наставата, основното училиште во соработка со општината може да му обезбеди асистент во наставата, како техничка поддршка и/или поддршка во учењето.

Инклузивниот тим од член 52 од овој закон определува на кои ученици ќе им се обезбеди асистент во наставата.

Нормативот за асистенти и описот на работните задачи на асистентите од став 1 на овој член го утврдува министерот на предлог на Бирото.

Асистентите се ангажираат од страна на општините и добиваат надомест за својот ангажман од Буџетот на Република Македонија.

Асистенти може да бидат ангажирани и од страна на ресурсните основни училишта кои се ресурсни основни училишта? и добиваат надомест за својот ангажман од Буџетот на Република Македонија.
Предлог: Асистентите треба да соработуваат и да ги почитуваат процедурите на училишниот инклузивен тим.

Инклузивен тим
Предлог: постои училишен инклузивен тим и инклузивен тим за ученик
(види публикација: Водич за работа на училишниот инклузивен тим на линк хттпс://њњw.уницеф.орг/tфѕрмацeдониа/мaceдonian/Вodic_зa_raбota_na_УИТ-ЊЕБ(1).пdf)
Член 65
Родителот има право детето со посебни образовни потреби да го запише во основно училиште, освен во случаите кога посебните образовни потреби на детето се такви што тоа треба да следи настава во посебно основно училиште Кое е посебно основно училиште, а кое е ресурсно основно училиште?, согласно препораките на надлежното тело за наод и мислење, односно процена.
За учениците од став (1) на овој член запишани во редовните основни училишта, училиштето формира инклузивен тим (инклузивен тим за ученик) составен од педагогот, односно психологот во училиштето, дефектолог, наставникот (Предлог: одделенски раководител) на ученикот и родителот, односно старателот на ученикот. Во инклузивниот тим, по потреба, може да се повикаат да учествуваат и матичниот лекар, логопед или социјален работник од надлежниот Центар за социјална работа.
Доколку училиштето нема вработено стручен соработник од одреден профил, за член на комисијата од став (2) на овој член се определува лице од мобилните служби од член 54 од овој закон.
Инклузивниот тим за секој ученик од ставот (2) на овој член изготвува индивидуален образовен план, во рок од 30 дена од запишувањето на ученикот во училиштето и истиот се доставува до Државниот просветен инспекторат.
Индивидуалниот образовен план од претходниот став ги одредува: обликот на воспитно – образовна работа, потребата и начинот на изведување дополнителна стручна и друга помош, прилагодување во организација на наставата, постигнување и стекнување вештини, проверка, напредувања на детето, како и распоред на часовите и одморите. Ова е одлично!
Инклузивниот тим врши евалуација на индивидувалниот образовен план на секои три месеци и задолжително го пополнува евидентниот лист за постигнувањата на децата со посебни образовни потреби. Ова е одлично!
Доколку инклузивниот тим во случајот од став 2 на овој член утврди дека детето не ги постигнува наставните цели, може да предложи преоцена на наодот и мислењето, односно процената од надлежната стручна установа за вклучување во редовните основни училишта. Ова е одлично!
Начинот и условите за запишувањето на учениците со посебни образовни потреби во основните училишта го утврдува министерот, по предлог на Бирото. Важно е да се вклучат и практичари.

Педагошки мерки
Член 73
Кон ученикот кој не ги извршува обврските и ги повредува правилата на воспитно- образовната работа се применуваат следниве педагошки мерки: укор, усна опомена, писмена опомена, намалување на поведението, преместување на ученикот во друга паралелка и преместување на ученикот во друго основно училиште.

Треба да се уреди основен кодекс на однесување за вработените, родителите и учениците.

Во сведителствата на учениците со ПОП задолжително да стои дека е оценет по ИОП.

Треба да постои стратегија на национално ниво за оценување на учениците со ПОП во сите училишта.

Со законот да се уреди и трансферот на информации за ученикот од предучилишни воспитно-образовни установи во основните училишта и од основните училишта во средните училишта.

Звања на наставниците и стручните соработници
Член 116
Начинот на стручното усовршување, оспособување и напредување на наставниците и стручните соработници во звања ги пропишува министерот по предлог на Бирото, Државниот испитен цент
Да се допише дека оние наставници и стручни соработници кои во моментот исполнуваат услови за наставник советник може директно да бидат предложени за највисокото звање.

Не е во ред само двајца од наставниците да имаат можност да се борат за повисоко звање.

Прикачен документ на коментарот 177_Za-zakonot867764892.docx
<< < 1 2 3 4 > >>