Најава Најава
Потребно е да се согласите со правилата и условите за користење на ЕНЕР

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕНЕР ОД СТРАНА НА РЕГИСТРИРАН КОРИСНИК

1. Општи одредби

Овие Правила и услови се однесуваат на користењето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЕНЕР) од страна на веќе регистриран корисник или лице кое сака да се регистрира.

ЕНЕР е достапен на веб локацијата:https://ener.gov.mk/ и содржи прописи во Република Македонија и предлог прописина министерствата во фаза на подготовка, Извештаи за проценка на влијанието на регулативата и консолидирани текстови на закони), документи (политики, стратегии, акциски планови, стратешки планови, програми, планови, извештаи, методологии, насоки, оперативни планови, декларации, повелби, протоколи, стандарди и друго), можност за електронско поднесување на иницијативи (за прописи или општи) и форум-тематски дебати.

ЕНЕР претставува алатка наменета за електронско информирање и електронска консултација на понудените содржини со граѓаните на Република Северна Македонија, невладиниот сектор, деловните субјекти, синдикатите, стопанските комори, здруженијата и фондации, односно сите физички и правни лица кои можат да бидат директно или индиректно засегнати од спроведувањето на законите и другите прописи или кои ги застапуваат интересите на одредени групи во општеството .

Вашата регистрација и/или понатамошното користење на функционалностите на ЕНЕР претставува Ваше согласување со овие Правила и услови. Доколку не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови, Министерството за информатичко општество и администрација (во понатамошниот текст: МИОА) може да го де-активира Вашиот кориснички профил и со тоа да ви биде оневозможено понатамошно користење на функционалностите на ЕНЕР.

2. Регистрација и управување со кориснички профил

Со ЕНЕР управува МИОА. МИОА ја активира регистрацијата на администраторите од институции, кои пак ја активираат регистрацијата на владините уредници. Регистрацијата на јавните корисници не подлежи на активирање.

За Вие лично да ги користите функционалностите на ЕНЕР потребно е да се регистрирате преку пополнување на веб формата за регистрација. Вашето корисничко име во ЕНЕР е валидна адреса за е-пошта која Вие ја избирате и внесувате при регистрација. Корисничкото име не може да го менувате и по него се следат записите за преземени дејствија во системот од Ваша страна. Исто така, Вие, по сопствен избор, ја креирате и Вашата лозинка. Доколку сакате, можете да ја менувате прв пат внесената лозинка, како и секоја подоцна креирана лозинка.

Доколку сте ја заборавиле Вашата лозинка, тогаш преку линкот „Нова лозинка“, кој се наоѓа подполињата за најава на регистриран корисник во ЕНЕР, ја активирате процедурата за креирање нова лозинка..

Вашиот кориснички профил ќе биде де-активиран од страна на:

  • - МИОА, доколку повеќе не ја извршувате улогата на администратор во институција,
  • - администратор во институција, доколку повеќе не ја извршувате улогата на владин уредник, и
  • - МИОА, доколку како корисник не ги следите и не постапувате согласно овие Правила и услови.

Де-активацијата значи дека повеќе не можете да ги користите функционалностите на ЕНЕР, но Вашиот кориснички профил нема да биде избришан од базата на податоци.

3. Внесување, ажурирање и заштита на личните податоци во ЕНЕР

Со внесување на податоци во соодветните полиња од веб образецот за регистрација, Вие ја потврдувате нивната точност и ажурност. Ако било кој податок внесен во веб образецот за регистрација се промени, може да го ажурирате преку користење на линкот „Кориснички профил“ кој му е достапен на секој најавен корисник.

МИОА има воспоставено и применува систем на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на лични податоци кои соодветно се применуваат и за личните податоци што се обработуваат преку ЕНЕР.

Со Вашето регистрирање и отворање кориснички профил на ЕНЕР и Вие преземате одговорност за зачувување на доверливоста на вашите лични податоци. Заради заштита од злоупотреби, личните податоци внесени во ЕНЕР не треба да ги откривате на трети лица и лично треба да пристапувате и да го користите корисничкиот профил на ЕНЕР и да оневозможите користење на Вашиот профил од страна на било кое друго лице.

Ако од која било причина сметате дека Вашиот кориснички профил не е повеќе безбеден (на пример, во случај на губење, крадење или неовластено откривање или користење на вашето корисничко име/лозинка и лични податоци), мора веднаш да го промените податокот преку користење на соодветниот механизам за промена или да го контактирате МИОА на следната адреса: ener@ener.gov.mk.

Доколку се соочите со било каков проблем при внесување или ажурирање на податоците, треба да го контактирате МИОА.

4. Дозволен начин на користење на ЕНЕР

Не може да овластите други лица да го користат Вашиот кориснички профил на ЕНЕР, а доколку го направите тоа одговорноста за преземените дејствија од страна на оние за кои сте им дозволиле да го користат Вашиот профил е целосно Ваша.

ЕНЕР смеете да го користите само за целите за кои е креиран и воспоставен.

Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини (текстови, графички елементи, фотографии, слики, видео или аудио материјали) со кои би се повределе нечии авторски права, интелектуална сопственост, деловни тајни или било кој друг вид лични или сопственички права на било која трета страна, а доколку тоа го направите мора да биде со претходна согласност на сопствениците на тие права. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушува нечија приватност. Преку ЕНЕР не смеете да објавувате или обезбедувате пристап до содржини со кои се нарушуваат основните слободи и права на граѓаните на Република Северна Македонија, односно да објавувате недолична, неморална и навредлива содржина.

Вие се согласувате дека нема да се обидувате да го нарушувате, напаѓате, модифицирате или преземете друго дејствие со кои може да предизвикате негативни последици по функционирањето на ЕНЕР или по користењето на ЕНЕР од страна на другите корисници.

5. Завршни одредби

Овие Правила и услови за користење на ЕНЕР може повремено да се менуваат. Информација за направените промени ќе се објавува во линкот „Новости“ на ЕНЕР. Вашиот континуиран пристап на веб локацијата на ЕНЕР ќе значи дека ги прифаќате сите измени на Правилата и условите за користење на ЕНЕР.


Со кликнување на копчето „Се согласувам“ потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и ги прифаќате Правилата и условите за користење на ЕНЕР.

ПРОПИС: ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ

Министерство за информатичко општество и администрација
21.11.2013
Закон
Затворен
Целта на предлог законот е да се воспостави целосен и сихнронизиран систем на администрација базиран на знаење односно воведување на целосно нов модерен пристап кон управувањето со човечките ресурси, со елементи на корпоративно управување, согласно со најдобрите светски практики за управување базирано на компетенции преку уредување на статусот, класификацијата, вработувањето, унапредувањето, стручното усовршување и оспособувањето, мерењето на учинокот и други прашања во врска со работниот однос на административните службеници.
КоментирајВо консултациите можат да учествуваат исклучиво регистрирани корисници. Доколку сакате да оставите коментар, најавете се или регистрирајте сметка,тука!

- - коментари - -

12.12.2013 Данче Даниловска

Коментари и забелешки на Предлог-закон за административни службеници
Прикачен документ на коментарот 3_Komentari_i_predlozi_od_FOOM_za_PRedlog_zakoni_za_271921902.pdf

16.12.2013 Министерство за информатичко општество и администрација

Врска: Ваш број: 11-1143 од 11.12.2013 г.

По однос на вашиот допис кој се однесува на Предлог –законот за административни службеници и Предлог- законот за вработени во јавниот сектор во кој се изнесени забелешки и предлози по текстот на овие два Предлог- закони, Министерството за информатичко општество и администрација по деталното разгледување на наводите во доставениот допис, ве известува за следното:

По однос на забелешката дека не е почитувана постапката за консултации со засегнатите страни, ве известуваме дека Министерството за информатичко општество и администрација за време на целиот период на изготвување на текстовите на споменатите закони имаше транспарентен пристап во однос на засегнатите страни. Беа одржани повеќе консултативни средби, беа доставувани писмени мислења од засегнатите страни, беа одржани и јавни расправи на кои присуствуваа претставници од државните институциите, граѓанските организации и синдикатот при што со доследно внимание беа разгледани сите укажувања, забелешки и предлози. Исто така, текстовите на Предлог- законите беа поставени на Единствен национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР). Оние предлози и забелешки за кои беа приложени цврсти аргументи беа прифатени и соодветно вградени во законските решенија на двата закони.

Во врска со укажувањата дека е проблематично утврдувањето на кабинетски службеници и дека истите не се опфатени со категориите на работни места на административните службеници во член 22 од Предлог- законот за административните службеници, ве известуваме дека ова е новина и за прв пат во Глава V од споменатиот Предлог- закон со наслов „Кабинети“, со членот 28 се воведува категоријата кабинетски службеници. Целта на оваа одредба е од постојниот кадар од истата или од друга институција преку постапка на мобилност да се искористи постоечкиот кадар со веќе стекнато искуство, знаење и вештини. Ова законско решение не значи мирување на работното место како вие што го нагласувате, туку значи сигурност на административните службеници кои преку мобилност ќе бидат ангажирани како кабинетски службеници, а по истекот на мандатот на функционерот истите се распоредуваат на работно место на исто ниво со работното место на кое работеле пред да бидат распоредени во кабинетот и тоа во истата институција во која биле претходно вработени. Заради специфичните должности и работни задачи кои ќе ги имаат кабинетските службеници, кои во принцип ќе бидат постојано ангажирани и на располагање на функционерот во чиј кабинет ќе работат, законското решение предвидува можност да бидат наградени со определен процент поголем од основната плата, што всушност ќе претставува мотивација за нивниот ангажман и нивната целосна 24-часовна достапност како непосредни соработници на функционерот кој раководи со органот.

Вашите забелешки во врска со статусот на Агенцијата за администрација се неосновани, бидејќи согласно предложеното законско решение кое е во собраниска процедура Агенцијата за администрација е самостоен државен орган со својство на правно лице, со права, обврски и одговорности утврдени со овој закон. Агенцијата за својата работа за претходната година до Собранието на Република Македонија доставува годишен извештај најдоцна до 31 март во тековната година.
Со Агенцијата раководи директор кој го именува и разрешува Собранието на Република Македонија на предлог на Владата на Република Македонија за период од шест години.

Што се однесува до предлозите да се зајакнат и унапредат постапките за вработување, унапредување и мобилност, укажуваме дека со предложените решенија точно овие области се зајакнати и допрецизирани со нови решенија, соодветни на европските стандарди, воведувајќи го системот на компетенции и учинок на административниот службеник. Укажувањето во врска со оценувањето во однос на досегашните решенија, предложените нови законски решенија се во насока на остварување на поголема објективност применувајќи го системот 360 feedback, што во принцип значи дека во процесот на оценувањето учество ќе земат повеќе лица со кои административниот службеник соработува во текот на своето работење.

Во врска со предлозите кои се однесуваат на дисциплинската одговорност, предложените решенија се во рамките на досегашните решенија од оваа област кои се засновани на решенијата за дисциплинската и материјална одговорност на општите прописи за работните односи. Одредени допрецизирања и соодветни решенија се понудени заради специфичноста на работата која ја извршуваат административните служби.

Што се однесува до коментарите изнесени од ваша страна по однос на преодните и завршни одредби, појаснуваме дека истите се опфатни и го уредуваат она што како правна пракса се уредува со овие одредби и притоа се води сметка и задржување на континуитет во уредувањето на определени прашања.

12.12.2013 Данче Даниловска

Предмет: Министерството за информатичко општество и администрација го оневозможува консултативниот процес за Предлог-законот за административни службеници и Прелог-законот за вработени во јавниот сектор
Прикачен документ на коментарот 2_Писмо_до_МИОА,_06.12.2013495818733.pdf
<< < 1 > >>