Назив на папка
:
Закон за финансиска стабилност
Назив на министерство
:
Министерство за финансии
Назив на предлог прописот
:
Предлог на Закон за финансиска стабилност
Краток опис на проблемот
:
Во 2009 година Министерството за финансии и Народната банка потпишаа Меморандум за соработка за одржување на финансиска стабилност и управување со финансиска криза. Во 2020 година, по препорака на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд во рамки на Програмата за проценка на финансискиот сектор (ФСАП) постојниот беше заменет со нов Меморандум чии потписници се сите тела надлежни за супервизија и надзор на одделните сегменти од финансискиот систем. Со Меморандумот е формиран Комитет за финансиска стабилност како преодно решение до донесување на посебен закон. Во таа насока е и Регулативата за макропрудентен надзор на финансискиот систем и за воспоставување на Одбор за системски ризик на Европската комисија. Една од препораките на Одборот за системски ризици е макропродентната политика да ја води една институција или тело од повеќе институции во зависност од институционалната поставеност на национално ниво, пришто централната банка треба да ја има водечката улога.
Цел на предлог законот
:
Основна цел на Предлогот на закон е да се следи праксата на Европската комисија и да се институционализира тело кое ќе ги идентификува опасностите и ризиците за финансиската стабилност и синхронизирано ќе презема макропрудентни мерки заради одржување на финансиската стабилност во Република Северна Македонија. Водечка улога во креирањето и спроведувањето на макропрудентата политика и одржувањето на финансиската стабилност ќе има Народната банка на Република Северна Македонија.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
09.11.2020 - 09.12.2020
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
ivana.jovic@finance.gov.mk
lence.tagasovska@finance.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Ленче Тагасовска, lence.tagasovska@finance.gov.mk
Други информации
:
/