Назив на папка:
Закон за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата
Назив на министерство:
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Назив на предлог прописот:
Закон за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата
Краток опис на проблемот:
Со овој закон се уредува финансиската поддршка во рибарството и аквакултурата во рамките на структурната политика, посебните и вонредните мерки, системот за управување и контрола за спроведување на структурната политика, системот за државна помош во рибарството и аквакултурата, како и други значајни прашања од областа на финансиската поддршка во рибарството и аквакултурата.
Цел на предлог законот:
Предлог законот придонесува постигнување на целите утврдени во член 3 од Законот за рибарство и аквакултура, односно, управување со рибите и другите водни организми на начин со кој се постигнува економска и општествена придобивка, зголемен број на вработувања и достапноста на снабдувањето со храна; користење на рибите и другите водни организми по принципот на одржливо користење кој допринесува за зачувување на биодиверзитетот и еколошкиот пристап на риболовните води и развој на одржливи активности во аквакултурата и промоција на здрава храна.
Временската рамка за изготвување на предлог законот:
25.05.2023 - 30.06.2023
Начин на вклучување на засегнатите страни:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Јавни расправи
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Јавни дебати по одредени прашања преку користење на електронски интерактивни алатки достапни на порталот ЕНЕР
Најава за јавен увид и јавна расправа:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР:
www.ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите:
www.ener.gov.mk info@mzsv.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството:
Васе Симовска Бошкова - раководител на Сектор за земјоделство,
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
тел.: 070/409 843 факс:
е-пошта: vase.boskova@mzsv.gov.mk
Други информации:
/