Назив на папка
:
Закон за стечај
Назив на министерство
:
Министерство за економија
Назив на предлог прописот
:
Предлог закон за инсолвентност
Краток опис на проблемот
:
Министерството за економија во соработка со Меѓународната финансиска корпорација – IFC (групација на светска банка) изработи Нацрт зaкон за инсолвентност. Со изготвување на Законот за инсолвентност ке се овозможи заштита на инвеститорите и нивните бизниси, пофлексибилна и поедноставна постапка за малите бизниси, појаснување на условите за учество на доверителите во стечајните постапки. Исто така се предвидуваат одредби за навремено реструктуирање на претпријатија со потешкотии со цел должникот да преговара за опциите за намирување на долгот со своите доверители.
Воедно се врши усогласување со:
- Директивата 2019/1023 на Европскиот Парламент и Советот од 20.06.2019 година, за рамката за превентивно преструктуирање, за ослободување од долгот и дисквалификациите и за мерките за зголемување на ефикасноста на постапките во врска со преструктуирањето, инсолвентноста и ослободување од долгот и
-Измени и дополнувања на Директивата ЕУ 2017/1132 (Директива за преструктуирање и инсолвентност)
Цел на предлог законот
:
Да се воспостави солиден и ефикасен систем на инсолвентност, преку подобрување на регулаторната рамка за инсолвентност, особено да се поттикнат претпријатијата со потешкотии да се обидат да преговараат за привремено ослободување на долговите и да ги договараат условите за подмирување на долгот надвор од судот преку соодветен механизам за инсолвентност.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
11.02.2021 - 30.04.2021
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
ЕНЕР и
www.economy.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
biljana.mickovska@economy.gov.mk
elisaveta.minovska@economy.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Билјана Мицковска, раководител на Сектор за правни работи
Други информации
:
www.economy.gov.mk