Назив на папка
:
Предлог на Закон за меѓународна развојна соработка и хуманитарна помош во странство
Назив на министерство
:
Министерство за надворешни работи
Назив на предлог прописот
:
ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА МЕЃУНАРОДНА РАЗВОЈНА СОРАБОТКА
И ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ВО СТРАНСТВО
Краток опис на проблемот
:
Со донесувањето овој закон ќе се усвои една системската рамка за развојна политика и хуманитарна помош, во која ќе можат да се вклучат сите органи на државната управа, државните органи, јавните претпријатија, јавните установи и единиците на локалната самоуправа, односно субјектите на меѓународна развојна хуманитарна помош во странство. Со законот ќе се воспостави институционалната рамка за планирање, координација и спроведување на меѓународната развојна соработка и хуманитарната помош во странство, ќе се утврдуваат надлежностите и соработката помеѓу институциите, финансирањето и спроведувањето на помошта, како и евидентирањето на помошта.
Цел на предлог законот
:
Со законот ќе се воспостави институционалната рамка за планирање, координација и спроведување на меѓународната развојна соработка и хуманитарната помош во странство, ќе се утврдуваат надлежностите и соработката помеѓу институциите, финансирањето и спроведувањето на помошта, како и евидентирањето на помошта.
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
01.01.2021 - 31.12.2022
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Јавен увид на предлогот на закон
- Јавни расправи
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Состаноци со засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Не
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
dimitar.mitrevski@mfa.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
dimitar.mitrevski@mfa.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
dimitar.mitrevski@mfa.gov.mk
Други информации
:
Регулирањето на меѓународната развојна соработка и хуманитарната помош произлегува како обврска предвидена во НПАА Поглавјето 3.30. Надворешни односи - 3.30.3 Развојна политика. Секоја земјата-кандидат за влез во ЕУ треба да го усогласи своето законодавство со документите за јавна политика, декларациите од универзален карактер, како и принципите и целите на ЕУ, кои се утврдени со Лисабонскиот договор, а се однесуваат на меѓународната развојна соработка и хуманитарната помош.