Назив на папка
:
Закон за Бирото за развој на образованието
Назив на министерство
:
Министерство за образование и наука
Назив на предлог прописот
:
Закон за изменување и дополнување на Законот за Бирото за развој на образованието
Краток опис на проблемот
:
Со оглед на фактот дека развојот и унапредувањето на образованието се динамичен процес, во кој често се менуваат и унапредуваат стандардите, потребно е и Бирото за развој на образованието да ги следи овие трендови, односно да може да одговори на новите предизвици. Она што особено е важно во овој контекст е и фактот дека сегашниот закон не овозможува ангажирање на стручни лица кои ќе можат да ги извршуваат основните надлежности на Бирото. Имено со самиот закон, Бирото е дефинирано камо стручен орган, а сите надлежности на Бирото се поврзани со вршење на исклучително стручни работи во делот на образованието. Досегашната пракса во работата покажа дека на овие стручни работи не можат во целост да одговорат државни службеници, поради што е неопходно да се направат измени и дополнувања на законот. Исто така, потребно е да усогласат одредбите со законите за основно и средно образование, стручно образование, учебниците и образование на возрасните.
Цел на предлог законот
:
Со Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Бирото за развој на образованието се допрецизираат надлежностите на Бирото како стручен орган кој дава поддршка на Министерството за образование и наука во однос на развојот на образованието
Временската рамка за изготвување на предлог законот
:
14.04.2025 - 30.04.2025
Начин на вклучување на засегнатите страни
:
- Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни
- Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата
- Состаноци со засегнатите страни
Најава за јавен увид и јавна расправа
:
Да
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската
верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР
:
ener.gov.mk
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките
и сугестиите
:
mitkoceslarov@bro.gov.mk
Одговорно лице за контакт во министерството
:
Митко Чешларов, раководител на сектор
Други информации
:
/